Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што е небото?

Што е небото?

Што вели Библијата:

Кога се користи во Библијата, зборот „небо“ има три основни значења: 1) физичкото небо, 2) духовниот свет и 3) симбол за висока или возвишена положба. Секогаш кога овој збор се појавува во текстот, неговото значење можеме да го одредиме со помош на контекстот. *

  1. Физичкото небо. Кога е со вакво значење, зборот „небо“ се однесува на земјината атмосфера во која дува ветар, летаат птици, се создава дожд и снег во облаците и светкаат молњи (Псалм 78:26; Изреки 30:19; Исаија 55:10; Лука 17:24). Исто така, зборот „небо“ може да ја означува и вселената, местото каде што се наоѓаат „сонцето, месечината и ѕвездите“ (5. Мојсеева 4:19; 1. Мојсеева 1:1).

  2. Духовниот свет. Зборот „небо“ може да се однесува и на духовните небеса, односно духовниот свет, кој е повозвишен од физичката вселена и се наоѓа надвор од неа (1. Царевите 8:27; Јован 6:38). Во тие небеса се наоѓа Јехова Бог, кој е „Дух“, како и ангелите кои тој ги создал (Јован 4:24; Матеј 24:36). Понекогаш зборот „небеса“ се користи како персонификација за верните ангели, наречени и „собранието на светите“ (Псалм 89:5-7, Превод на д-р Д. Х. Константинов).

    Библијата го користи зборот „небо“ за да го означи оној дел од духовниот свет каде што се наоѓа Јехова, или неговото „живеалиште“ (1. Царевите 8:43, 49; Евреите 9:24; Откровение 13:6). На пример, Библијата претскажала дека Сатана и демоните ќе бидат исфрлени од небото и дека повеќе нема да им биде дозволено да му се приближат на Јехова. Сепак, тие и понатаму ќе останеле во духовниот свет (Откровение 12:7-9, 12).

  3. Симбол за висока, возвишена положба. Библијата го користи зборот „небо“ за да опише возвишена положба, најчесто поврзана со влада или со некој што има право да владее. Во таква положба се:

Какво е небото?

Духовниот свет е место на кое се вршат многу активности. Него го сочинуваат стотици милиони духовни суштества кои ја извршуваат Јеховината реч (Псалм 103:20, 21; Даниел 7:10).

Библијата вели дека небото е исполнето со силна светлина (1. Тимотеј 6:15, 16). Пророкот Езекиел имал видение во кое небото било опкружено со светлост што сјае, а во видението што го имал Даниел небото содржело и „огнена река“ (Езекиел 1:26-28; Даниел 7:9, 10). Небото е свето, односно чисто и прекрасно (Псалм 96:6; Исаија 63:15; Откровение 4:2, 3).

Целокупниот впечаток што Библијата го дава за небото нѐ исполнува со страхопочит (Езекиел 43:2, 3). Сепак, не е можно луѓето потполно да разберат какво е небото бидејќи духовниот свет не можеме да го видиме со дословни очи.

^ пас. 3 Се чини дека хебрејскиот збор преведен со „небо“ потекнува од еден друг хебрејски збор кој значи „висок“ или „возвишен“ (Изреки 25:3; види во речникот The New Brown, Driver, and Briggs Hebrew and English Lexicon of the Old Testament, страница 1029).

^ пас. 9 Во едно дело од Мек-Клинток и Стронг пишува дека новите небеса спомнати во Исаија 65:17 означуваат „нова влада, ново царство“ (Cyclopedia, том IV, страница 122).

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Кој оди на небото?

Многу луѓе мислат дека сите добри луѓе одат на небото. Но, што вели Библијата?