Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали навистина постојат демони?

Дали навистина постојат демони?

Што вели Библијата:

Да. Демоните се ,ангели што згрешиле‘, односно духовни суштества кои се побуниле против Бог (2. Петрово 2:4). Првиот ангел што станал демон бил Сатана Ѓаволот, кој во Библијата е наречен „владетелот на демоните“ (Матеј 12:24, 26).

Побуната во времето на Ное

Од Библијата дознаваме дека некои ангели станале бунтовни пред да почне Потопот во времето на Ное. Во неа пишува: „Синовите на вистинскиот Бог забележаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, сите што ќе ги избереа“ (1. Мојсеева 6:2). Овие злобни ангели ,го напуштиле своето вистинско живеалиште‘ на небото и си зеле човечки тела за да имаат полови односи со жените на Земјата (Јуда 6).

Кога започнал Потопот, бунтовните ангели ги оставиле човечките тела и се вратиле на небото. Но, Бог ги избркал овие духовни суштества од своето семејство. Освен тоа, ги казнил и така што им забранил да земаат човечки тела (Ефешаните 6:11, 12).

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Духовни суштества — како влијаат врз нас

Библијата зборува за ангели и демони. Дали овие духовни суштества навистина постојат? Можат ли да влијаат врз твојот живот?