Псалм 96:1-13

96  Пејте му на Јехова нова песна!+Пејте му на Јехова, сите луѓе на земјата!+  2  Пејте му на Јехова, благословувајте го неговото име!+Од ден на ден објавувајте ја добрата вест за неговото спасение!+  3  Објавувајте ја меѓу народите неговата слава,+меѓу сите народи — неговите чудесни дела!+  4  Зашто, Јехова е велик+ и достоен за најголема фалба.Влева страв повеќе отколку сите други богови.+  5  Зашто, сите богови на другите народи се безвредни,+а Јехова ги направи небесата.+  6  Честа и величеството се пред него,+силата и убавината се во неговото светилиште.+  7  Признајте го Јехова, сите народни племиња,+оддајте му слава на Јехова и признајте ја неговата моќ!+  8  Оддајте му ја на Јехова славата што е достојна на неговото име,+понесете дар и дојдете во неговите дворови!+  9  Поклонете му се на Јехова во убаво и свето руво!+Поради него, нека ве обземе тешка болка сите вас, земни луѓе!+ 10  Кажувајте меѓу народите: „Јехова стана цар!+Земјата* стои цврсто, не може да се разниша.+Тој ќе им суди праведно на народите“.+ 11  Нека се радуваат небесата и нека се весели земјата!+Нека грми морето и сѐ што е во него!+ 12  Нека се радува полето и сѐ што е во него!+И сите шумски дрвја нека воскликнуваат радосно+ 13  пред Јехова! Зашто дојде,+дојде за да ѝ суди на земјата.+Ќе му суди на светот* според правдата+и на народите — според својата верност.+

Фусноти

^ Буквално: „Плодното тло“.
^ Буквално: „плодното тло“.