Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали коцкањето е грев?

Дали коцкањето е грев?

Што вели Библијата:

Иако Библијата не зборува во детали за коцкањето, библиските начела можат да ни помогнат да сфатиме дека Бог го смета коцкањето за грев (Ефешаните 5:17). *

  • Зад коцкањето стои алчноста, која Бог ја мрази (1. Коринќаните 6:9, 10; Ефешаните 5:3, 5). Кога некој се коцка очекува да добие пари што некој друг ги изгубил, а Библијата ја осудува желбата да имаме нешто што не е наше (2. Мојсеева 20:17; Римјаните 7:7; 13:9, 10).

  • Ако се коцкаме, дури и за мали суми, може да развиеме љубов кон парите. Таквата љубов кон парите ќе ни нанесе голема штета (1. Тимотеј 6:9, 10).

  • Оние што се коцкаат честопати се суеверни и веруваат во среќа. Ако имаме такви ставови не можеме да кажеме дека му служиме на Бог затоа што тие се еден вид идолопоклонство (Исаија 65:11).

  • Библијата не нѐ учи да сакаме лесно да ги добиваме работите, туку нѐ учи трудољубиво да работиме (Проповедник 2:24; Ефешаните 4:28). Оние што ги следат библиските совети ќе можат да го „јадат лебот што самите го заработуваат“ (2. Солуњаните 3:10, 12).

  • Оние што се коцкаат може да развијат штетен натпреварувачки дух, кој Библијата не го одобрува (Галатите 5:26).

^ пас. 3 Библијата конкретно го спомнува коцкањето само кога кажува дека римските војници фрлиле ждрепка за облеката на Исус (Матеј 27:35; Јован 19:23, 24).