Може ли Библијата да ти помогне ако имаш долгови и финансиски проблеми?
Што вели Библијата:
Да. Во Библијата се запишани четири начела што можат да ти помогнат кога имаш долгови и финансиски проблеми.
Планирај на што ќе ги потрошиш парите. „
Замислите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист, а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија
“ (Изреки 21:5). Не избрзувај да купиш нешто само затоа што е на попуст. Води сметка колку пари имаш и немој да трошиш повеќе од своите можности.Не влегувај во непотребни долгови. „
Кој зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот
“ (Изреки 22:7). Ако веќе си задолжен и не можеш да го вратиш долгот, обиди се да преговараш со кредиторите за нов начин на отплаќање на долговите. Биди упорен. Примени го библискиот совет што им е упатен на оние што немудро се согласиле да бидат жиранти и ја презеле одговорноста за долгот: „Оди, понижи се и опсипувај го со молби својот ближен. Не давај им сон на своите очи, ни дремка на своите клепки
“ (Изреки 6:1-5). Дури и ако не ти биде одобрено првото барање, не откажувај се.Не дозволувај парите да ти бидат господар. „
Лакомецот брза по богатството, а не знае дека ќе го стигне скудноста
“ (Изреки 28:22, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Завидливоста и лакомоста не само што водат до финансиска пропаст туку можат и да ги истиснат во втор план духовните работи.Биди задоволен со она што го имаш. „
Ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни
“ (1. Тимотеј 6:8). Среќата и задоволството не можат да се купат со пари. Голем број луѓе се чувствуваат среќни во животот иако немаат многу пари. Но, тие имаат нешто далеку повредно — семејство и пријатели кои ги сакаат и близок однос со Бог (Изреки 15:17; 1. Петрово 5:6, 7).