Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што е грев?

Што е грев?

Што вели Библијата:

Грев е секоја постапка, секое чувство или секоја мисла што се коси со Божјите мерила. Во Божји очи е грев секоја погрешна и неправедна постапка со која се прекршуваат неговите закони (1. Јованово 3:4; 5:17). Според Библијата, за грев се смета и да не го правиш она што е исправно (Јаков 4:17).

На изворните јазици на кои е пишувана Библијата, зборовите што се користат за грев значат „да промашиш мета“, односно цел. На пример, за една група војници во древниот Израел се велело: „Секој погодуваше многу точно со камен од праќа и не ја промашуваше целта“ (Судиите 20:16). Кога изразот „не ја промашуваше целта“ би се превел дословно, би гласел „не правеше грев“. Според тоа, да направиш грев значи да ја промашиш целта — Божјите совршени мерила.

Како Творец, Бог има право да им поставува мерила на луѓето (Откровение 4:11). Ние полагаме сметка пред него за нашите постапки (Римјаните 14:12).

Дали е можно никогаш да не направиме грев?

Не. Библијата вели дека „сите згрешија и не ја одразуваат Божјата слава“ (Римјаните 3:23; 1. Царевите 8:46; Проповедник 7:20; 1. Јованово 1:8). Зошто?

Првите луѓе, Адам и Ева, биле безгрешни затоа што биле создадени совршени, според Божјиот лик (1. Мојсеева 1:27). Меѓутоа, го изгубиле совршенството затоа што не му биле послушни на Бог (1. Мојсеева 3:5, 6, 17-19). Кога им се родиле деца, им пренеле во наследство грев и несовршенство (Римјаните 5:12). Цар Давид го потврдил тоа кога рекол: „Во престап сум роден“ (Псалм 51:5).

Има ли разлика од грев до грев?

Да. На пример, во врска со луѓето од древниот град Содом, Библијата вели дека биле лоши и големи грешници и дека нивниот грев бил многу тежок (1. Мојсеева 13:13; 18:20). Да разгледаме три фактори кои одредуваат колку е тежок еден грев.

  1. Колку е сериозен гревот. Библијата нѐ предупредува да се чуваме од сериозни гревови како што се сексуален неморал, идолопоклонство, крадење, пијанство, изнудување, убиство и спиритизам (1. Коринќаните 6:9-11; Откровение 21:8). Библијата прави разлика помеѓу ваквите гревови и непромислените, ненамерни гревови, како што се зборови или постапки што ги повредуваат другите (Изреки 12:18; Ефешаните 4:31, 32). Меѓутоа, Божјата Реч нѐ поттикнува да не минимизираме ниту еден грев зашто тоа би можело да нѐ наведе да направиме посериозен престап против Божјиот закон (Матеј 5:27, 28).

  2. Од кои мотиви е направен. Некои луѓе прават гревови затоа што не се свесни што очекува Бог од нив (Дела 17:30; 1. Тимотеј 1:13). Иако Библијата не ги оправдува ваквите гревови, таа прави разлика помеѓу нив и намерното кршење на Божјите закони (4. Мојсеева 15:30, 31). Зад намерните гревови стои „злобно срце“ (Еремија 16:12).

  3. Колку често се повторува. Библијата прави разлика меѓу тоа да се направи грев еднаш и да се повторува гревот (1. Јованово 3:4-8). Јехова ги осудува и ќе ги казни оние кои, иако знаат што е исправно, продолжуваат намерно грешат (Евреите 10:26, 27).

На оние што направиле сериозен грев може да им биде многу тешко поради тоа. На пример, цар Давид напишал: „Моите престапи ми се прелија преку глава, како тежок товар, претешки се за мене“ (Псалм 38:4). Сепак, Библијата не нѐ остава без надеж. Таа вели: „Злосторникот нека го остави својот пат и злобниот нека ги остави своите мисли, и нека се врати кај Јехова, кој ќе му се смилува, кај нашиот Бог, зашто тој ќе му прости великодушно!“ (Исаија 55:7)

Нешто повеќе

СТРАЖАРСКА КУЛА

Можеш да му одолееш на искушението!

Три чекори што ќе ти помогнат да имаш цврста волја.

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Бог ќе ги чуе моите молитви за помош?

Дали Бог навистина е заинтересиран за нашите проблеми?

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Зошто библиските начела се за наше добро?

Исус објаснил зошто ни треба водство и кои две библиски начела се најважни.