2. Солуњаните 3:1-18
3 И на крајот, браќа, молете се за нас,+ за Јеховината реч+ брзо да се шири+ и да се слави, исто како кај вас,
2 и да бидеме избавени од расипани и зли луѓе,+ зашто сите немаат вера.+
3 Но Господарот* е верен и тој ќе ве зацврсти и ќе ве чува од Злобниот.+
4 А како следбеници на Господарот имаме доверба+ во вас дека го правите и дека ќе го правите она што ви го заповедаме.+
5 Господарот нека ви ги насочува срцата кон љубовта+ кон Бог и кон истрајноста,+ која ви е потребна додека му служите на Христос.
6 Ви заповедаме,+ браќа, во името на Господарот Исус Христос, да се тргате+ од секој брат што живее* неуредно,+ а не според преданието што го примивте од нас.+
7 Зашто, сами знаете на кој начин треба да се угледате на нас,*+ бидејќи, додека бевме меѓу вас, не живеевме неуредно,+
8 ниту, пак, бадијала јадевме нечиј леб.+ Напротив, дење и ноќе тешко и напорно работевме+ за да не му бидеме товар никому од вас.+
9 Не затоа што не би имале право на тоа,+ туку за да ви послужиме како пример кој треба да го следите.*+
10 Навистина, кога бевме со вас, ви заповедавме:+ „Ако некој не сака да работи, нека и не јаде!“+
11 Зашто, слушаме дека некои од вас живеат* неуредно,+ дека ништо не работат, туку се мешаат во она што не ги засега.+
12 На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господарот Исус Христос да работат во мир и да го јадат лебот што самите го заработуваат.+
13 А вие, браќа, не изморувајте се од правењето на она што е исправно.+
14 А ако некој не го послуша она што го рековме+ во ова писмо, обележете го,+ не дружете се повеќе со него,+ за да се посрами.+
15 Но немојте да го сметате за непријател, туку опоменувајте го+ како брат.
16 И самиот Господар на мирот нека ви даде мир секогаш и на секаков начин.+ Господарот нека биде со сите вас.
17 Јас, Павле, ви го пишувам овој поздрав со сопствена рака.+ Тоа е мојот знак во секое писмо — вака пишувам јас.
18 Незаслужената доброта+ на нашиот Господар Исус Христос нека биде со сите вас.
Фусноти
^ Види го додатокот 11.
^ Буквално: „оди“.
^ Или: „како треба да нѐ имитирате“.
^ Или: „што треба да го имитирате“.
^ Буквално: „одат“.

