AspctStyle/stock.adobe.com

Исус ќе им стави крај на војните

Исус ќе им стави крај на војните

 Кога бил на Земјата, Исус покажал дека многу ги сака луѓето, дури и го жртвувал својот живот за нив (Матеј 20:28; Јован 15:13). Наскоро, тој повторно ќе ја покаже својата љубов кон луѓето така што како Цар на Божјето Царство ќе им стави крај на војните низ целиот свет (Псалм 46:9).

 Библијата ни кажува што ќе направи Исус:

  •   „Тој ќе го избави сиромавиот кој вика за помош, страдалникот и секој што нема помошник. Ќе се сожали на бедниот и на сиромавиот и ќе ги спаси душите на сиромасите. Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (Псалм 72:12-14).

 Како да покажеме благодарност за сето она што Исус веќе го направил и наскоро ќе го направи за нас? Еден начин е така што ќе дознаеме нешто повеќе за пораката што тој ја проповедал — „добрата вест за Божјето царство“ (Лука 4:43). Прочитај ја статијата „Што е Божјето Царство?