Photo by Stringer/Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Војната на Блискиот Исток — што вели Библијата?

Војната на Блискиот Исток — што вели Библијата?

 Светот со загриженост го следи конфликтот во кој се вклучени САД, Израел и Иран. Дали овој конфликт ќе ескалира во поголема војна? Можат ли владите да го спречат тоа и да постигнат траен мир?

 Оние што се запознати со библиските пророштва се прашуваат дали можеби овој конфликт на Блискиот Исток е почеток на војната Армагедон спомната во книгата Откровение.

 Што вели Библијата?

Дали владите ќе ѝ стават крај на војната на Блискиот Исток?

 Библијата вели: „Немајте доверба во достоинствениците, ниту во некој друг земен човек, од кого нема спасение!“ (Псалм 146:3).

 Времето ќе покаже дали владите ќе успеат да постигнат релативен мир на Блискиот Исток. Меѓутоа, Библијата јасно кажува дека ниту еден политички лидер, ниту една човечка влада или група луѓе не може да им стави крај на војните и да донесе траен мир. Само Бог има моќ да ги прекиневојните до крајот на земјата“ (Псалм 46:9).

Дали со војната на Блискиот Исток се исполнува библиско пророштво?

 Библијата вели: „Ќе чуете за војни на разни места... Ќе се крене народ против народ и царство против царство“ (Матеј 24:6, 7).

 Тековниот конфликт на Блискиот Исток е уште еден доказ дека живееме во „свршетокот на овој поредок“, период кој во Библијата е наречен и „последните денови“ (Матеј 24:3; 2. Тимотеј 3:1). Војните што ги гледаме денес се показател дека Бог наскоро ќе им стави крај на војните и на сите други проблеми што го мачат човештвото.

Дали Армагедон ќе почне на Блискиот Исток?

 Библијата вели: „Ги собраа на местото кое на хебрејски се вика Ар-Магедон“ (Откровение 16:16).

 Војната Армагедон не е војна помеѓу човечки влади која ќе почне на Блискиот Исток. Тоа е глобална војна помеѓу сите човечки влади од една страна и Бог од друга.

Што ќе ни помогне да останеме смирени во стресни времиња?

 Библијата вели: „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог“ (Филипјаните 4:6).

 Јехова a Бог сака да му се молиме. Бидејќи Бог се грижи за нас, ќе ги чуе нашите молитви и ќе ни помогне да не бидеме претерано загрижени (1. Петрово 5:7). Еден начин на кој го прави тоа е така што ни помага да сфатиме зошто има војни, како ќе им стави крај и што ќе направи за да ги отстрани сите болки и страдања (Откровение 21:3, 4).

a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).