ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Бог е виновен за нашите страдања?

македонски
Дали Бог е виновен за нашите страдања?
https://cms-imgp.jw-cdn.org/img/p/502012504/univ/art/502012504_univ_sqr_xl.jpg
ijwbq статија 20

Дали Бог е виновен за нашите страдања?

Дали Бог е виновен за нашите страдања?

Што вели Библијата:

 Библијата јасно покажува дека Бог не ги предизвикува страдањата! Јехова Бог никогаш немал намера луѓето да страдаат. Меѓутоа, првите маж и жена се побуниле против Бог. Не сакале тој да владее со нив, туку сакале самите да одредуваат што е добро, а што лошо. Му свртиле грб на Бог и скапо платиле за тоа.

 Ние денес мораме да ги трпиме последиците од нивната лоша одлука. Затоа, не може да се рече дека Бог е виновен за човечкото страдање.

 Библијата вели: „Никој, кога ќе се најде во искушение, нека не вели: ‚Бог ме искушува‘. Зашто, Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло“ (Јаков 1:13). Секој може да доживее страдања — дури и оние што ја имаат Божјата наклоност.