Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Зошто Бог не го спречил холокаустот?

Зошто Бог не го спречил холокаустот?

Многу луѓе кои си го поставуваат ова прашање доживеале големи загуби. Тие не сакаат да ги знаат само причините за холокаустот туку сакаат да добијат и утеха. За други луѓе холокаустот е врв на човечката злоба и поради ова им е тешко да веруваат во Бог.

Вообичаени заблуди за Бог и за холокаустот

Заблуда: Погрешно е да прашуваш зошто Бог не го спречил холокаустот.

Вистина: И други луѓе што имале голема вера прашувале зошто Бог го допушта злото. На пример, пророкот Авакум го прашал Бог: „Зошто дозволуваш насилството, беззаконието, злото и неволјите да се рашират насекаде?“ (Авакум 1:3, Contemporary English Version). Бог не го прекорил Авакум, туку дозволил неговото прашање да биде запишано во Библијата за сите да можат да го прочитаат.

Заблуда: На Бог не му е грижа што луѓето страдаат.

Вистина: Бог ги мрази злото и страдањата (Изреки 6:16-19). Во времето на Ное, Бог го ,доболело во срце‘ поради тоа што насилството било раширено насекаде (1. Мојсеева 6:5, 6). Затоа, нема ронка сомнеж дека Бог чувствувал огромна болка и кога се случувал холокаустот (Малахија 3:6).

Заблуда: Бог со холокаустот сакал да ги казни Евреите.

Вистина: Бог дозволил во првиот век Ерусалим да биде уништен од римските војски (Матеј 23:37—24:2). Меѓутоа, оттогаш Бог не издвојува ниту еден народ ни за да го казни ни за да го награди. Во негови очи сите луѓе се исти „без оглед на тоа дали се работи за Евреин или за припадник на некој друг народ“ (Римјаните 10:12, Радосна Вест).

Заблуда: Ако Бог е семоќен и нѐ сака, ќе го спречеше холокаустот.

Вистина: Иако Бог никогаш не ги предизвикува страдањата, понекогаш дозволува привремено да се случуваат (Јаков 1:13; 5:11).

Зошто Бог го дозволил холокаустот?

Бог го дозволил холокаустот од истата причина од која ги дозволува сите други страдања — да се даде одговор на важни прашања кои биле покренати во минатото. Во Библијата јасно пишува дека во моментов со светот владее Ѓаволот, а не Бог (Лука 4:1, 2, 6; Јован 12:31). Статијата која е поврзана со оваа статија може да ти помогне да дознаеш нешто повеќе за тоа зошто Бог ги дозволува страдањата. Но, сега да разгледаме две главни причини поради кои Бог го дозволил холокаустот.

  1. Кој е виновен за холокаустот? Кога Бог им кажал на првите луѓе, Адам и Ева, што очекува од нив, не ги натерал со сила да му бидат послушни. Тие одлучиле сами да избираат што е добро, а што лошо за нив. Нивната погрешна одлука, како и други слични одлуки на луѓето низ историјата, донеле горки последици за целото човештво (1. Мојсеева 2:17; 3:6; Римјаните 5:12). Во книгата Statement of Principles of Conservative Judaism пишува: „Голем број од страдањата што ги трпиме се директна последица на злоупотребата на слободната волја која ни е дадена“. Бог не им ја одзел слободната волја на луѓето, туку им дал време да видат каков ќе им биде животот без него.

  2. Бог може и ќе ја поправи сета штета од холокаустот. Бог ветува дека ќе им го врати животот на милиони луѓе кои умреле, меѓу кои и на жртвите од холокаустот. Исто така, тој може целосно да им ги излечи длабоките лузни на оние што го преживеале холокаустот (Исаија 65:17; Дела 24:15). Тоа што Бог ги сака луѓето ни е гаранција дека ќе ги исполни овие ветувања (Јован 3:16).

Многу од оние кои умреле поради холокаустот и многу од оние кои го преживеале ова ужасно злосторство успеале да ја зачуваат својата вера во Бог. Тие нашле смисла во животот со тоа што ги сфатиле причините поради кои Бог го допушта злото и ги дознале неговите убави ветувања за иднината.

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Зошто Бог ги допушта страдањата?

Многумина мислат дека Бог е виновен за сите страдања во светот. Што мислиш ти? Дознај што вели Бог за тоа кои се вистинските причини за страдањата.