ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 6-7

„Сега ќе видиш што ќе му направам на фараонот“

„Сега ќе видиш што ќе му направам на фараонот“

6:1, 6, 7; 7:4, 5

Пред да му нанесе неволји на Египет и да ги избави Израелците од ропство, Јехова му кажал на израелскиот народ што ќе направи. Тие ќе виделе како тој ја покажува својата моќ како никогаш порано, а Египќаните ќе сфателе кој е Јехова. Кога Бог го исполнил она што го ветил, на Израелците им се зајакнала верата. Тоа им помогнало да бидат уште порешени да не ги држат обичаите на Египќаните кои им служеле на лажни богови.

Како овој библиски извештај ти ја зајакнува верата дека ќе се исполни сето она што го ветил Јехова за иднината?