Поглед во светот

Поглед во светот

Швајцарија

Според едно истражување во Швајцарија, има 14% поголема веројатност лицата над 60 години да умрат на денот на раѓање отколку на друг ден. Општо земено, на тој ден луѓето умираат од срцев удар за 18% почесто отколку на кој и да е друг ден, жените умираат од мозочен удар за 21% почесто, а мажите извршуваат самоубиство за 35% почесто. Научниците сметаат дека стресот и алкохолот се меѓу причините за зголемена стапка на самоубиства и несреќни случаи. Меѓутоа, некои експерти не се согласуваат со ова затоа што сметаат дека многу често се работи за човечка грешка — датумот на раѓање да се заведе и како датум на кој лицето починало.

Израел

Доколку на биографијата прикачат слика, убавите мажи имаат поголеми шанси да бидат повикани на интервју за работа отколку убавите жени. Според истражувачи од Израел, ова можеби се должи на тоа што во одделението за управување со човечки ресурси, кое одлучува кој ќе биде повикан на интервју, главно работат жени. Списанието The Economist пишува до каков „непријатен“ заклучок дошле истражувачите — „причината за ваквата дискриминација е тоа што жените им љубоморат на убавите кандидатки“.

САД

Тројца пацифисти — една калуѓерка (82) и двајца соучесници (63 и 57) — неодамна упаднале во нуклеарниот комплекс во Оук Риџ (Тенеси) во кој се чуваат 100 тони нуклеарен материјал и испишале антивоени слогани на една од зградите. Според министерот за енергетика, Стивен Чу, овој пропуст во обезбедувањето на објект со безбедносен систем кој важи за еден од најсигурните во светот, е причина за „голема загриженост“.

Австралија

Врховниот суд на Австралија одреди тутунските компании да ги отстранат своите препознатливи бои и своето лого од кутиите за цигари. Сега, сите цигари мора да се продаваат во кутии со темно-кафена боја и со реални фотографии од последиците од пушењето.