Сигурен извор на водство и надеж
Сигурен извор на водство и надеж
ЗА РАЗЛИКА од демоните, Бог е семудар и семоќен. Тој е олицетворение на љубовта (1. Јованово 4:8). Неговите совети се секогаш добри, ни ги нуди бесплатно и се за наше добро. Колкава разлика од советите на гатачите и јасновидците. Бог вели: „О сите вие [духовно] жедни дојдете на вода! Дојдете вие што немате пари земете и јадете! Дојдете земете вино и млеко без пари и без плаќање! Зошто ги трошите парите на она што не е леб и својот труд на она што не заситува? Слушајте ме внимателно и јадете добра храна и вашата душа нека ужива во најдобрата храна!“ (Исаија 55:1, 2).
Бидејќи е напишана под водство на нашиот добар Творец, Библијата ни дава надеж, духовна заштита, смисла во животот и начела според кои е најдобро да се живее. Размисли за следниве прашања и библиски стихови.
[Рамка на страница 7]
● Како да најдам вистински внатрешен мир? Во Библијата пишува: „Јас Јехова сум твој Бог кој те учи да го правиш она што е за твое добро кој те води по патот по кој треба да одиш. О да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река и твојата праведност како морски бранови“ (Исаија 48:17, 18).
● Дали секогаш ќе има зло? „Праведниците ќе живеат на земјата и непорочните ќе останат на неа. А злите ќе бидат истребени од земјата и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа“ (Изреки 2:21, 22). Да, злобните луѓе и злобните ангели ќе бидат уништени засекогаш, како проголтани со оган (Откровение 20:10, 14).
● Ќе им дојде ли крај на болестите и на страдањата? „Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето! Бог ќе живее со нив и тие ќе бидат негов народ и самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе ни тага ни пискот ниту болка. Сѐ што беше порано [денешните многубројни проблеми] помина“ (Откровение 21:3, 4).
За разлика од демоните, Бог никогаш не лаже. Всушност, тој „не може да лаже“ (Тит 1:2). Освен тоа, како што покажува и последната статија што ја обработува насловната тема, вистината ослободува и дава живот (Јован 8:32; 17:3).