Божјата намера наскоро ќе се оствари

Божјата намера наскоро ќе се оствари

Дел 7

Божјата намера наскоро ќе се оствари

1, 2. Зошто можеме да бидеме сигурни дека Бог ќе преземе чекори да стави крај на злото и на страдањето?

1 Иако Бог допуштил несовршеноста и страдањето да траат долго време од човечка гледна точка, сепак тој нема да дозволи лошите услови да продолжат во недоглед. Библијата ни кажува дека Бог има одреден временски период до кога ќе ги допушта тие работи.

2 „Сѐ има свое време“ (Проповедник 3:1). Кога Божјето определено време за допуштање на злото и на страдањето ќе заврши, тогаш тој ќе интервенира во човечките работи. Ќе стави крај на злото и на страдањето и ќе ја исполни својата првобитна намера Земјата да се наполни со совршена, среќна човечка фамилија која ќе се радува на потполн мир и економска сигурност во рајски услови.

Божјите пресуди

3, 4. Како се опишани резултатите од Божјата интервенција во книгата Изреки?

3 Да разгледаме некои од многуте библиски пророштва кои наведуваат што ќе значи наскоро Божјата интервенција, односно резултатите од неговите пресуди за човечката фамилија:

4 „Праведните ќе живеат на земјата, и непорочните ќе опстанат на неа; а беззакониците ќе бидат истребени од земјата, и вероломните — искоренети од неа“ (Изреки 2:21, 22).

5, 6. Според 36. Псалм, што ќе се случи тогаш кога Бог ќе интервенира?

5 „Оние, што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господа, ќе ја наследат земјата. Уште малку, и грешникот ќе го нема . . . А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:9-11).

6 „Надевај се на Господа и пази ги Неговите патишта; Он ќе те воздигне, за да ја наследиш земјата; и ќе го гледаш истребувањето на грешниците. Чувај ја незлобивоста и пази ја правдата, зашто наследството на таков човек е мир; а безбожниците сите ќе бидат истребени, нивното наследство ќе се затре“ (Псалм 36:34, 37, 38).

7. Каков здрав совет ни дава Божјата реч?

7 Според тоа, со оглед на прекрасната иднина која ќе настапи за оние кои го признаваат правото на семоќниот Творец да владее со нас, ние сме поттикнати: „Срцето твое да ги чува заповедите Мои; зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир“. Всушност, вечен живот ќе им се придаде на оние кои избираат да ја вршат Божјата волја! Затоа, Божјата реч нѐ советува: „Надевај се на Господа од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже твоите патеки“ (Изреки 3:1, 2, 5, 6).

Божјата влада од небото

8, 9. На кој начин Бог ќе ја очисти Земјата?

8 Бог ќе го изврши тоа чистење на Земјата преку најдобрата влада што човештвото може некогаш да ја има. Тоа е влада која одразува небесна мудрост затоа што владее од небото под Божје водство. Тоа небесно Царство ќе ги отстрани од Земјата сите облици на човечко владеење. Луѓето никогаш повторно нема да го имаат изборот да се обидат да владеат независно од Бог.

9 Во врска со ова, пророштвото на Даниил 2:44 наведува: „Во деновите на тие царства [денешните влади] небесниот Бог ќе подигне царство [на небото], кое нема да се разруши никогаш, и тоа царство нема да биде предадено на друг народ [на луѓето никогаш повторно нема да им биде дозволено да владеат независно од Бог]; тоа ќе ги победи и разруши сите царства [кои сега постојат], а само тоа ќе остане вечно“. (Види и Откровение 19:11-21; 20:4-6.)

10. Зошто можеме да бидеме сигурни дека под Божјето небесно Царство, никогаш повеќе нема да има корумпираност во владеењето?

10 Според тоа, човештвото никогаш повеќе нема да има корумпирани облици на владеење, бидејќи откако Бог ќе му стави крај на овој систем, никогаш повеќе нема да постои човечка власт независна од него. А Царството кое ќе владее од небото нема да биде изопачено, затоа што Бог е негов Зачетник и Заштитник. Напротив, тоа ќе функционира во најдобрите интереси на неговите човечки поданици. Божјата волја тогаш ќе се врши по целата Земја како што се врши на небото. Затоа Исус можел да ги поучува неговите ученици да му се молат на Бог: „Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6:10).

Колку сме близу?

11. Кои библиски пророштва ни помагаат да одредиме колку сме близу до крајот на овој систем?

11 Колку сме близу до крајот на овој незадоволувачки систем на ствари и до почетокот на Божјиот нов свет? Библиските пророштва ни даваат јасен одговор. На пример, самиот Исус прорекол на што да обратиме внимание за да можеме да ја одредиме нашата положба во однос на она што Библијата го нарекува „свршеток на светот“. Тоа е запишано во Матеј, поглавја 24 и 25, Марко 13 и Лука 21. Исто така, како што е запишано во 2. Тимотеј, поглавје 3, апостол Павле прорекол дека ќе има еден временски период, наречен ‚последни денови‘, кога разновидните настани уште повеќе ќе потврдат каде се наоѓаме во струјата на времето.

12, 13. Што рекле Исус и Павле за времето на крајот?

12 Исус рекол дека овој временски период ќе започне со следниве настани: „Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; и на места ќе има глад, помор и потреси“ (Матеј 24:7). Лука 21:11 покажува дека тој споменал и ‚помор на некои места‘. Исто така, предупредил дека „беззаконијата ќе се умножат“ (Матеј 24:12).

13 Апостол Павле прорекол: „Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле . . . Лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси“ (2. Тимотеј 3:1-5, 13).

14, 15. Како настаните од XX век потврдуваат дека ние навистина живееме во последните денови?

14 Дали тие работи што ги прорекле Исус и Павле се случиле во наше време? Да, секако дека се случиле. Првата светска војна била најтешката војна до тоа време. Таа била прва војна од светски размери и пресвртница во современата историја. Со неа следеле и оскудица на храна, епидемии на болести и други несреќи. Тие настани од 1914 наваму, како што се изразил Исус, биле „почеток на болките“ (Матеј 24:8). Со тоа започнал проречениот временски период наречен „последните денови“, почетокот на последната генерација во која Бог ќе го допушта злото и страдањето.

15 Веројатно си запознаен со настаните од XX век. Познат ти е хаосот што настанал. Убиени се околу 100 милиони луѓе во различни војни. Стотина милиони други луѓе умреле од глад и од болести. Земјотресите однеле безброј животи. Во пораст е непочитувањето спрема животот и имотот. Стравот од криминалот станал дел од секојдневниот живот. Моралните начела не се почитуваат. Наглиот пораст на населението создава проблеми кои не можат да се решат. Загаденоста го уништува квалитетот на животот, па дури и го загрозува. Навистина, од 1914 ние се наоѓаме во последните денови и се приближуваме кон кулминацијата на библиските пророштва кои го опфаќаат нашето време.

16. Колку долго ќе траат последните денови?

16 Колку долго ќе траат овие последни денови? Во врска со таа ера која ќе го доживее ‚почетокот на болките‘ од 1914 наваму, Исус рекол: „Нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни“ (Матеј 24:8, 34-36). Според тоа, сите ознаки на последните денови мора да се случат во текот на животниот век на една генерација, генерацијата од 1914. Значи, некои луѓе кои биле живи во 1914, сѐ уште ќе бидат живи кога овој систем ќе заврши. Таа генерација луѓе сега е многу стара, што покажува дека преостанува уште малку време пред Бог да му стави крај на сегашниов систем на ствари.

17, 18. Кое пророштво покажува дека сме мошне близу до крајот на овој свет?

17 Едно друго пророштво кое покажува дека крајот на овој систем е мошне близу го дал апостол Павле, кој прорекол: „Денот Господов ќе дојде така, како крадец во ноќно време. Оти, кога ќе речат: ‚Мир и безопасност!‘, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел . . . и нема да избегнат“ (1. Солунјаните 5:2, 3; види и Лука 21:34, 35).

18 Денес студената војна е завршена, а можеби меѓународната војна повеќе не претставува сериозна закана. Можеби затоа народите мислат дека се многу близу до еден нов светски поредок. Но, кога ќе помислат дека нивните напори успеваат, всушност ќе се случи спротивното, бидејќи тоа ќе биде последниот знак според кој уништувањето на овој систем од страна на Бог е неизбежно. Не заборавај дека политичките преговори и спогодби не постигнуваат вистински промени кај луѓето. Тие не придонесуваат за тоа луѓето меѓусебно да се сакаат. А светските водачи не го спречуваат криминалот ниту ги отстрануваат болестите и смртта. Затоа, немај доверба во каков и да е развој на настаните во врска со човечкиот мир и сигурност и немој да мислиш дека овој свет е на пат да ги реши неговите проблеми (Псалм 145:3). Тој повик всушност ќе значи дека овој свет е многу близу до својот крај.

Проповедање на добрата вест

19, 20. Кое пророштво во врска со проповедањето во последните денови се исполнува пред наши очи?

19 Друго пророштво кое покажува дека од 1914 наваму се наоѓаме во последните денови, е пророштвото што го дал Исус: „Кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието“ (Марко 13:10). Или, како што наведува Матеј 24:14: „Ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“.

20 Денес, како никогаш порано во историјата, добрата вест за крајот на овој свет и за претстојниот рајски нов свет под Божјето Царство, се проповеда по целата Земја. Кој го врши тоа проповедање? Милиони Јеховини сведоци. Тие проповедаат во секоја земја во светот.

21, 22. Што особено ги идентификува Јеховините сведоци како вистински христијани?

21 Покрај тоа што проповедаат за Божјето Царство, Јеховините сведоци се препознаваат како вистински Христови следбеници по начинот на однесување, зашто тој изјавил: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“. На тој начин, Јеховините сведоци се обединети во едно светско братство преку нескршлива врска на љубов (Јован 13:35; види и Исаија 2:2-4; Колосјаните 3:14; Јован 15:12-14; 1. Јованово 3:10-12; 4:20, 21; Откровение 7:9, 10).

22 Јеховините сведоци веруваат во она што Библијата го вели: „Бог не гледа на лице; туку, кај секој народ оној, кој се бои од Него, и постапува правично, мил Му е“ (Дела 10:34, 35). Тие гледаат на Сведоците од другите земји како на духовни браќа и сестри, без оглед на расата или бојата на кожата (Матеј 23:8). Фактот што едно такво светско братство постои во денешниот свет, дава уште еден доказ дека Божјата намера наскоро ќе биде исполнета.

[Прашања]

[Слика на страница 26]

Божјето совршено небесно Царство ќе биде единствената влада на човештвото во новиот свет