Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали Бог има име?

Дали Бог има име?

Што вели Библијата:

Сите луѓе имаат свое лично име. Зар не е логично да заклучиме дека и Бог има име? За да се спријателиме со некого, најпрво треба да го запознаеме и да дознаеме како се вика. Слично е и со Бог. Ако сакаме да бидеме негови пријатели, треба да го запознаеме и да го дознаеме неговото име.

Во Библијата, Бог вели: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“ (Исаија 42:8). Иако има и многу титули, како што се „Семоќниот Бог“, ,Севишен Господар‘ и „Создател“, тој им укажува чест на своите верни слуги така што им вели да му се обраќаат со неговото лично име (1. Мојсеева 17:1; Дела 4:24; 1. Петрово 4:19).

Во многу преводи на Библијата Божјето име е запишано во 2. Мојсеева 6:3. Таму стои: „На Авраам, на Исак и на Јаков им се појавував како Бог Семоќниот, но со своето име Јехова не им се објавив“.

Иако многу изучувачи повеќе го користат изговорот „Јахве“, Јехова е најраширениот облик на тоа име. Првиот дел од Библијата бил напишан на хебрејски јазик, кој се чита оддесно налево. На тој јазик, Божјето име се појавува во облик на четири согласки, יהוה. Овие четири хебрејски букви — транскрибирани како ЈХВХ — се познати како тетраграм.

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Дали Бог има име?

Бог има многу титули, како што се Семоќен, Творец и Господар. Но, Божјето име го има во Библијата над 7.000 пати.