ЕПИЗОДА 4
„За тоа и дојдов“
(Времетраење: 54:56)
Исус лекува болни, истерува демони, прави ученици и ги избира своите 12 апостоли. Оваа епизода ги опфаќа следниве извештаи:
Исус поучува во синагогата во Капернаум; истерува нечист дух (Марко 1:21-29; Лука 4:31-37)
Исус ја лекува бабата на Петар (Лука 4:38, 39; Матеј 8:14, 15; Марко 1:30, 31)
Исус лекува многу други луѓе (Лука 4:40, 41; Матеј 8:16, 17; Марко 1:32-34)
Исус се моли на осамено место (Марко 1:35-38; Лука 4:42, 43)
Исус проповеда, поучува и лекува (Матеј 4:23-25; Марко 1:39)
Исус лекува лепрозен човек (Марко 1:40-45; Матеј 8:1-4; Лука 5:12-15)
Исус се повлекува на осамено место за да се моли (Лука 5:16)
Исус му ги простува гревовите на еден парализиран човек во Капернаум и го лекува (Марко 2:1-12; Матеј 9:1-8; Лука 5:17-26)
Исус го повикува Матеј да биде негов следбеник (Марко 2:13, 14; Матеј 9:9; Лука 5:27, 28)
Исус јаде со даночници во куќата на Матеј (Марко 2:15-17; Матеј 9:10-13; Лука 5:29-32)
Прашање за постењето (Матеј 9:14-17; Лука 5:33-39; Марко 2:18-22)
Исус проповеда во синагогите во Јудеја (Лука 4:44)
Исус лекува болен човек на сабат кај бањата Витезда (Јован 5:1-9)
Евреите го прекоруваат излекуваниот човек (Јован 5:10-13)
Исус го сретнува излекуваниот човек во храмот (Јован 5:14, 15)
Исус зборува за власта што му ја дал неговиот Татко (Јован 5:16-24)
Духовно мртвите кои ќе го послушаат гласот на Исус ќе живеат (Јован 5:25-27)
Оние што се во гробовите ќе воскреснат (Јован 5:28-30)
Јован Крстител, делата на Исус, Таткото и Писмата сведочат за Исус (Јован 5:31-47)
Исус е „Господар и на сабатот“ (Марко 2:23-28; Матеј 12:1-8; Лука 6:1-5).
Исус лекува човек со исушена рака на сабат (Лука 6:6-11; Матеј 12:9-14; Марко 3:1-6)
Мноштво народ на брегот; Исус е Божјиот сакан слуга; многу луѓе се излекувани (Марко 3:7-12; Матеј 12:15-21)
Избрани се 12-те апостоли (Лука 6:12-16; Марко 3:13-19а)

