Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Услови за користење

Услови за користење

Добредојде!

Целта на оваа интернет-страница е да ти помогне да дознаеш повеќе за Бог, за Библијата и за Јеховините сведоци. Можеш да ги читаш, гледаш или преземеш содржините што те интересираат. Иако сакаме информациите од нашата интернет-страница да им користат и на други луѓе, те молиме да не ги објавуваш на некоја друга интернет-страница или апликација. Она што си го научил можеш да го споделиш со другите така што ќе ги упатиш на нашата интернет-страница на начин кој е во склад со она што е наведено подолу во Условите за користење.

 Авторски права

© 2017 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania. Сите права се задржани.

Оваа интернет-страница ја подготвува и ја одржува Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc. (понатаму во текстот: „Watchtower“). Доколку не е наведено поинаку, сите текстови и други информации на оваа страница се интелектуална сопственост на Watchtower Bible and Tract Society of Pennsylvania („Watch Tower“).

 Заштитни имиња и знаци

Adobe, логото на Adobe, Acrobat, како и логото на Acrobat се заштитни знаци на Adobe Systems Incorporated. iTunes и iPod се заштитни знаци на Apple Inc. Microsoft, логото на Microsoft, како и имињата на кои и да било програми и производи на Microsoft, вклучувајќи ги Microsoft Office и Microsoft Office 365, се заштитни знаци на Microsoft Inc. Сите други заштитни знаци и регистрирани заштитни знаци им припаѓаат на нивните сопственици.

 Услови за користење и дозвола за користење

Овие Услови за користење одредуваат како треба да се користи страницата jw.org. Со тоа што ја користиш оваа страница, обврзан си во потполност да ги прифатиш овие Услови за користење, како и сите останати услови за користење наведени на оваа интернет-страница. Ако не се согласуваш со Условите за користење, не треба да ја користиш оваа интернет-страница.

Како можеш исправно да ја користиш страницата? Согласно ограничувањата наведени подолу, дозволено е:

  • Да се гледаат, преземаат и печатат содржините чии права се задржани од Watch Tower, како што се сликите, електронските изданија, музиката, фотографиите, текстовите и видеоматеријалите, за своја лична употреба и за некомерцијални цели.

  • Да се споделуваат линкови или електронски публикации, видеоматеријали или аудиофајлови кои се достапни за преземање од оваа страница.

Не е дозволено:

  • Да се објавуваат слики, електронски публикации, заштитни имиња и знаци, музика, фотографии, видеоматеријали или статии од оваа страница на Интернет (на која и да било интернет-страница, страница за разменување на фајлови, страница за разменување на видеоматеријали или социјална мрежа).

  • Да се објавуваат слики, електронски публикации, заштитни имиња и знаци, музика, фотографии, текстови или видеоматеријали од оваа страница преку апликации или како дел од некоја апликација (вклучувајќи и нивно прикачување на сервер за да бидат користени од некоја апликација).

  • Да се прават копии, да се умножуваат, да се споделуваат или на некој друг начин да се искористуваат слики, електронски публикации, заштитни имиња и знаци, музика, фотографии, текстови или видеоматеријали од оваа страница за комерцијални цели или за пари (дури и ако притоа не се оствари заработка).

  • Да се прават апликации, алатки или техники наменети за собирање, копирање, преземање, екстракција, прибирање податоци, HTML фајлови, слики или текстови од оваа страница. (Со ова не се забранува употребата на бесплатни, некомерцијални апликации наменети за преземање електронски фајлови како, на пример, EPUB, PDF, MP3 и MP4 фајлови од деловите на оваа страница кои се достапни за јавност.)

  • Да се злоупотребува оваа страница или нејзините услуги, на пример така што ќе се попречува работата на страницата или на услугите или, пак, така што тие ќе се користат на начин кој не е пропишан.

  • Да се користи оваа страница на кој и да било начин што ѝ предизвикува или може да ѝ предизвика штета или да го отежни пристапот кон неа; или да се користи на кој и да било начин што е противзаконски, нелегален, нечесен, штетен или е поврзан со каква и да било незаконска, нелегална, нечесна или штетна намера или активност.

  • Да се користи оваа страница или какви и да било слики, електронски публикации, заштитни имиња и знаци, музика, фотографии, текстови или видеоматеријали во поврзаност со каков и да било маркетинг.

 Медицински информации

Содржините во делот со медицински информации на оваа страница, кој е достапен на некои јазици, се само од информативен карактер и не претставуваат препораки за лекување ниту, пак, се замена за професионални медицински совети, дијагноза или лекување. Делот со медицински информации не препорачува и не се залага за одредени испитувања, лекари, производи, постапки, мислења или други информации кои можеби се спомнати во овој дел.

Ако имаш прашања во врска со некоја болест или начин на лекување, секогаш барај совет од лекар или друго стручно медицинско лице.

Целта на делот со медицински информации е да обезбеди точни и најнови информации. Меѓутоа, информациите до кои можеш да дојдеш преку овој дел се објавени „онакви какви што се“, без никакви гаранции, било отворени било прикриени. Оваа страница не дава никакви ветувања или гаранции, било отворени било прикриени, поврзани со делот со медицински информации вклучувајќи, но не ограничувајќи се само на прикриени гаранции поврзани со квалитетот на информациите или нивната примена. Оваа страница не дава гаранција во врска со веродостојноста, точноста, актуелноста, корисноста или потполноста на кои и да било информации кои можат да се најдат преку делот со медицински информации. Оваа страница не презема никаква обврска ниту одговорност за каква и да било грешка или пропуст во содржината на делот со медицински информации. Ако одлучиш да користиш некоја од информациите во овој дел, сета одговорност е твоја. Оваа страница во никој случај нема да биде одговорна за каква и да било жалба или штета (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на случајни и последични штети, телесна повреда или ненамерна смрт, финансиска загуба и штета причинета од изгубени податоци или прекин на работата) настаната поради користење или неможност на користење на делот со медицински информации, без оглед на тоа дали жалбата или штетата се темели на гаранција, договор, неисполнети обврски или каква и да било правна теорија, како и без оглед на тоа дали оваа страница била известена за такви жалби и штети или не.

 Одрекување од одговорност

Оваа страница, како и сите информации, материјали и сѐ друго што е достапно на неа, Watchtower ги претставува „онакви какви што се“. Watchtower не дава никакви гаранции, било отворени било прикриени.

Watchtower не гарантира дека оваа интернет-страница е без вируси или други штетни елементи. Watchtower не сноси одговорност за каква и да било штета која настанала поради користење на информациите, содржините, материјалите и сѐ друго што е достапно на оваа интернет-страница, што, меѓу другото, вклучува директна, индиректна, случајна, казнена и последична (вклучувајќи и губиток на профит) штета.

 Непочитување на Условите за користење

Независно од другите права што според Условите за користење ги има Watchtower, ако на кој било начин ги прекршуваш овие Услови за користење, Watchtower може да преземе соодветни мерки. Може привремено или потполно да ти го забрани пристапот до страницата, да ги блокира компјутерите со твојата IP адреса кога ќе се обидеш да ја отвориш страницата, да контактира со твојот Интернет провајдер и да побара од него да ти го забрани пристапот до оваа страница и/или да преземе правни мерки против тебе.

 Измени

Watchtower може одвреме-навреме да направи одредени измени во Условите за користење. Променетите Услови за користење важат од датумот кога се објавени на оваа страница. Те молиме редовно да ги проверуваш Условите за користење за да бидеш во тек со најновата верзија.

 Законска и правна регулатива

Овие Услови за користење се регулирани и се толкуваат во склад со законите на Сојузната држава Њујорк (САД), врз кои не влијае можниот судир на законски одредби. Секој правен случај поврзан со овие Услови ќе биде изнесен пред државниот или пред сојузниот суд на Сојузната држава Њујорк (САД).

 Поединечни одредби

Доколку некоја одредба од овие Услови за користење судот ја прогласи за неважечка, неоснована, неизводлива или незаконска, другите одредби продолжуваат да важат. Ако Watchtower не бара да се спроведе некоја одредба од овие Услови, тоа во никој случај не значи дека ја смета за неважечка или дека се одрекува од правото таа да биде спроведена.

 Договор

Овие Услови за користење претставуваат договор меѓу тебе и Watchtower со кој се пропишува начинот на кој може да ја користиш оваа интернет-страница. Овој договор ги заменува сите претходни договори кои се однесуваат на твоето користење на оваа страница.