БИДЕТЕ БУДНИ!
Надеж дека 2024 ќе биде подобра — што вели Библијата?
Многумина мислат дека ни во 2024 нема да има излез од проблемите со кои се соочува светот. Сепак, можеме да најдеме надеж за иднината. Каде?
Библијата ни дава надеж
Библијата ветува дека Бог ќе им стави крај на проблемите поради кои животот денес изгледа безнадежен. Наскоро, Бог „ќе ја избрише секоја солза од [нашите] очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:4).
За да дознаеш нешто повеќе за она што ни го ветува Библијата во врска со иднината, прочитај ја статијата „Патот до среќата — надеж“.
Како може Библијата да ти помогне денес
Библијата дава надеж за иднината, а таа надеж може да ти помогне да се бориш со негативните чувства и да имаш попозитивен став (Римјаните 15:13). Практичните совети од Библијата исто така можат да ти помогнат да се справиш со проблемите со кои можеби се соочуваш, како сиромаштија, неправда или болест.
Дознај како надежта од Библијата му помогнала на еден човек да најде мир и среќа и покрај тоа што растел во сиромаштија. Гледај го видеоклипот Хуан Пабло Сермењо: Јехова ми помогна да водам исполнет живот.
Дознај како Библијата може да ти помогне да се справиш со чувства на вина, тага, загриженост и смрт на некој близок. Прочитај ја статијата „Може ли да најдам утеха во Светото писмо?“
Види како една жена, воен ветеран, која се опишала себеси како негативна и бесчувствителна личност, нашла надеж благодарение на Библијата. Гледај го видеоклипот Го оставив оружјето.
Потруди се 2024 да биде добра година за тебе и за твоето семејство. Дознај повеќе за тоа како Библијата може да ти помогне. Пробај го нашиот бесплатен интерактивен библиски курс со некој Јеховин сведок. Дознај како Бог може да ти даде „намери за мир“ сега, како и „иднина и надеж“ (Еремија 29:11).

