Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Како ќе се воспостави мир на Земјата?

Како ќе се воспостави мир на Земјата?

Што вели Библијата:

Мир на Земјата нема да се постигне со човечки напори, туку преку Божјето Царство, небесна влада на чело со Исус Христос. Прочитај што кажува Библијата за оваа прекрасна надеж.

  1. Бог ќе ,ги прекине војните до крајот на земјата‘, и така ќе го исполни своето ветување за „мир меѓу луѓето што му се по волја“ (Псалм 46:9; Лука 2:14).

  2. Божјето Царство ќе владее од небото над целата Земја (Даниел 7:14). Тоа ќе го отстрани национализмот, кој е причина за многу судири.

  3. Исус, Владетелот на Божјето Царство, е наречен „Кнез на Мирот“. Тој ќе се погрижи ,на мирот да му нема крај‘ (Исаија 9:6, 7).

  4. Луѓето што војуваат нема да живеат под власта на Царството, бидејќи „душата [Божја] многу го мрази оној што го сака насилството“ (Псалм 11:5; Изреки 2:22).

  5. Бог ги поучува своите слуги да живеат во мир. Во врска со ова, Библијата вели: „Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови. Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да учат да војуваат“ (Исаија 2:3, 4).

Уште денес, милиони Јеховини сведоци низ целиот свет се поучувани од Бог да бидат мирољубиви (Матеј 5:9). Иако потекнуваме од различни националности и живееме во повеќе од 230 земји, не сакаме да војуваме ниту да кренеме рака на други луѓе.

Јеховините сведоци уште денес се учат да живеат во мир