ЕПИЗОДА 2
„Ова е мојот сакан Син“
(Времетраење: 52:46)
Јован Крстител го објавува доаѓањето на Месијата. Исус почнува со својата служба. Оваа епизода ги опфаќа следниве извештаи:
Јован Крстител започнува со својата служба (Лука 3:1, 2; Јован 1:6)
Јован сведочи за светлината (Јован 1:7, 8)
Јован им проповеда на луѓето дека треба да се крстат (Матеј 3:1-12; Лука 3:3-18; Марко 1:1-8)
Крштавањето на Исус (Матеј 3:13-17; Марко 1:9-11; Лука 3:21, 22)
Духот го води Исус во пустината (Марко 1:12, 13; Матеј 4:1; Лука 4:1, 2)
Семејната лоза на Исус Христос (Лука 3:23-38; Матеј 1:1-17)
Исус се спротивставува на искушенијата на Ѓаволот (Матеј 4:2-11; Лука 4:3-13)
Јован признава дека не е Христос, туку оној што вика во пустината (Јован 1:19-28)
Јован им го претставува Исус на луѓето како „Божјето Јагне“ (Јован 1:29-31)
Јован сведочи за духот што слегол на Исус и прорекува крштавање со свет дух (Јован 1:32-34)
Учениците на Јован го следат Исус (Јован 1:35-39)
Андреј го води својот брат Петар кај Исус (Јован 1:40-42)
Филип и Натанаел стануваат ученици на Исус (Јован 1:43-51)
Исус претвора вода во вино на една свадба во Кана Галилејска (Јован 2:1-12)
Исус прв пат го чисти храмот во Ерусалим (Јован 2:13-17)
Исус им кажува на Евреите кои му се противат дека ќе го подигне храмот за три дена (Јован 2:18-22)
Мнозина почнуваат да веруваат во Исус поради чудата што ги прави (Јован 2:23-25)

