Добрата вест според Исус
Во овој возбудлив видеосеријал можеш да дознаеш нешто повеќе за Исус Христос, Синот Божји и Спасителот на човештвото.
Добрата вест според Исус — краток преглед
Во овој возбудлив видеосеријал за Исус Христос се оживеани настаните од евангелијата.
Епизода 1: Вистинската светлина на светот
Како човештвото ќе биде спасено од последиците на гревот што го направил Адам? Единствената надеж за човештвото е Месијата.
Епизода 2: „Ова е мојот сакан Син“
Јован Крстител го подготвил патот за Месијата. Погледни ги неверојатните настани кои го одбележале почетокот на Исусовата служба на Земјата!
Епизода 3: „Јас сум тој“
Исус им открил на Никодим, на една самарјанка и на луѓето во Назарет дека тој е Месијата, но само неколкумина искрени луѓе го прифатиле. Откако направил едно неверојатно чудо, повикал некои понизни рибари да појдат по него.
Епизода 4: „За тоа и дојдов“
Исус покажал дека има моќ да лекува и да истерува демони. Но, некои му се противеле и правеле планови да го убијат. Исус покажувал големо сочувство, вешто поучувал, правел ученици и избрал 12 апостоли.
Епизода 5: „Беа восхитени од неговото поучување“
Исус излекувал многу луѓе и ги поучил поинаку од нивните учители. Тие биле восхитени од неговиот авторитет, од споредбите што им ги кажал и како ги применил на секојдневни ситуации.
Епизода 6: „Ти ли си оној што треба да дојде?“
Исус покажал дека има моќ да воскреснува мртви. Неговите чуда и длабоки учења ги откривале мотивите на оние што го слушале. Со споредби Исус објаснил некои работи за Царството.
Добрата вест според Исус — трејлер
Гледај го трејлерот за овој возбудлив серијал кој ни ги оживува евангелијата.

