Мојата книга со библиски приказни
Уживај во читањето на 116 приказни од Библијата. Тие се точни, лесни за разбирање и прекрасно илустрирани.
Вовед
Вистинити приказни од најважната книга на светот, Библијата, кои ни ја откриваат историјата на светот од времето на неговото создавање па сѐ до денес.
1. ДЕЛ
Од создавањето до потопот
ПРИКАЗНА 1
Бог почнал да создава
Библискиот извештај за создавањето е лесно разбирлив и интересен, дури и за деца.
ПРИКАЗНА 2
Една прекрасна градина
Според Библијата, Бог ја направил градината Еден посебно место за живеење. Бог сака целата Земја да биде како таа прекрасна градина.
ПРИКАЗНА 3
Првиот човек и првата жена
Бог ги создал Адам и Ева и ги сместил во градината Еден. Тие биле првиот брачен пар.
ПРИКАЗНА 4
Зошто го изгубиле својот дом
Во првата книга од Библијата се зборува за тоа како бил изгубен првобитниот рај.
ПРИКАЗНА 5
Започнува тежок живот
Надвор од градината Еден, Адам и Ева се соочиле со многу проблеми. Доколку му биле послушни на Бог, тие и нивните деца ќе имале многу посреќен живот.
ПРИКАЗНА 6
Добриот и лошиот син
Од библискиот извештај за Каин и Авел учиме какви личности треба да бидеме и кои особини да ги смениме пред да биде предоцна.
ПРИКАЗНА 7
Храбар човек
Примерот на Енох покажува дека и ти можеш да постапуваш исправно дури и кога сите други околу тебе постапуваат погрешно.
ПРИКАЗНА 8
Џинови на земјата
Во прва мојсеева поглавје шест се зборува за џинови кои ги малтретирале луѓето. Татковци на тие џинови наречени нефили биле ангели кои слегле од небото на Земјата и си зеле човечки тела.
ПРИКАЗНА 9
Ное гради арка
Ное и неговото семејство го преживеале Потопот бидејќи му биле послушни на Бог дури и кога другите не го правеле тоа.
ПРИКАЗНА 10
Големиот потоп
Луѓето се смееле на предупредувањата од Ное. Но кога дошол Потопот, нивното смеење прекинало. Дознај како се спасиле Ное, неговото семејство и многу животни.
ПРИКАЗНА 12
Луѓето градат голема кула
На Бог не му се допаднало тоа што граделе кула, и последиците од казната ги чувствуваме до ден-денес.
ПРИКАЗНА 13
Авраам — Божјиот пријател
Зошто Авраам го напуштил својот удобен дом за да го помине остатокот од својот живот живеејќи во шатори?
ПРИКАЗНА 14
Бог ја испитува верата на Авраам
Зошто Бог побарал од Авраам да го принесе како жртва својот син Исак?
ПРИКАЗНА 15
Жената на Лот се свртела назад
Од она што го направила жената на Лот можеме да извлечеме важна поука.
ПРИКАЗНА 16
Исак добива добра жена
Зошто Ревека била толку добра сопруга? Поради убавината или поради нешто друго?
ПРИКАЗНА 17
Близнаци кои биле различни
Нивниот татко Исак повеќе го сакал Исав, но нивната мајка Ревека повеќе го сакала Јаков.
ПРИКАЗНА 19
Јаков има големо семејство
Дали 12-те племиња на Израел добиле имиња според 12-те синови на Јаков?
ПРИКАЗНА 22
Јосиф е ставен в затвор
Јосиф бил во затвор не затоа што го прекршил законот, туку затоа што постапил исправно.
ПРИКАЗНА 24
Јосиф ги испитува своите браќа
Како може да знае дали тие навистина се промениле од времето кога го продале како роб?
ПРИКАЗНА 25
Семејството се сели во Египет
Зошто членовите на семејството на Јаков биле наречени Израелци, а не Јакововци?
ПРИКАЗНА 26
Јов му е верен на Бог
Јов ги изгубил богатството, здравјето и сите деца. Дали тоа било казна од Бог?
ПРИКАЗНА 27
Еден лош цар владее со Египет
Зошто тој им кажал на неговите луѓе да ги убијат сите машки бебиња на Изралеците?
ПРИКАЗНА 28
Како бил спасен Мојсеј кога бил бебе
Неговата мајка нашла начин тој да не биде убиен, и покрај законот да се убијат сите машки новороденчиња на Израелците.
ПРИКАЗНА 29
Зошто бега Мојсеј
Кога имал 40 години, Мојсеј мислел дека е спремен да ги спаси Израелците, но не бил.
ПРИКАЗНА 30
Грмушка во пламен
Користејќи неколку чуда, Бог му рекол на Мојсеј дека дошло време да ги изведе Израелците од Египет.
ПРИКАЗНА 31
Мојсеј и Арон одат кај фараонот
Зошто фараонот не го послушал Мојсеј и не ги ослободил Израелците?
ПРИКАЗНА 32
Десетте неволји
Бог му нанел 10 неволји на Израел, затоа што фараонот на Египет тврдоглаво одбивал да ги пушти Израелците да си заминат.
ПРИКАЗНА 33
Преминување на Црвеното Море
Со силата од Бог, Мојсеј го разделил Црвеното Море и Израелците преминале по суво.
ПРИКАЗНА 38
Дванаесетте извидувачи
Десет од извидувачите кажуваат едно, но двајца од нив кажуваат друго. Кому му поверувале Израелците?
ПРИКАЗНА 39
Ароновиот стап цвета
Како на едно парче дрво прекуноќ расцветале цветови и пораснале плодови?
ПРИКАЗНА 43
Исус Навин станува водач
Мојсеј сѐ уште бил силен, но на негово место Исус Навин станал водач. Зошто?
ПРИКАЗНА 44
Раав ги крие извидувачите
Како Раав им помогнала на двајца извидувачи и што ги замолила?
ПРИКАЗНА 48
Мудрите Гаваонци
Тие ги измамиле Исус Навин и Израелците; сепак, Израелците го одржале ветувањето што им го дале.
ПРИКАЗНА 49
Сонцето застанува
Јехова направил за Исус Навин нешто што не се случило ниту дотогаш, ниту некогаш потоа.
ПРИКАЗНА 50
Две храбри жени
Варак ја предводел израелската војска во битка, но заслугата за победата ѝ била припишана на Јаила. Зошто?
ПРИКАЗНА 51
Рут и Ноемина
Рут го оставила својот дом за да биде со Ноемина и за да му служи на Јехова.
ПРИКАЗНА 52
Гедеон и неговите 300 луѓе
Бог избрал мала група војници со еден необичен тест за пиење вода.
ПРИКАЗНА 53
Ветувањето на Јефтај
Неговото ветување влијаело не само врз него туку и врз неговата ќерка.
ПРИКАЗНА 55
Едно мало дете му служи на Бог
Преку малиот Самоил, Бог му пренел тешка порака на првосвештеникот Илиј.
ПРИКАЗНА 56
Саул — првиот цар на Израел
Саул најпрво бил избран од Бог, но подоцна Бог го отфрлил. Која важна лекција можеме да ја научиме од Саул?
ПРИКАЗНА 57
Бог го избира Давид
Што било тоа што Бог го видел кај Давид, а пророкот Самоил не го видел?
ПРИКАЗНА 58
Давид и Голијат
Давид се борел со Голијат не само со својата праќа туку и со едно далеку помоќно оружје.
ПРИКАЗНА 59
Зошто Давид мора да бега
На почеток, Саул го сакал Давид, но потоа му бил љубоморен и сакал да го убие. Зошто?
ПРИКАЗНА 60
Авигеја и Давид
Авигеја рекла дека нејзиниот сопруг е безумен, но сепак му го спасила животот, иако привремено.
ПРИКАЗНА 61
Давид станува цар
Давид покажал дека е достоен да биде цар на Израел — и со она што го правел и со она што одбил да го направи.
ПРИКАЗНА 62
Проблеми во Давидовиот дом
Поради една сериозна грешка, Давид и неговото семејство имале проблеми со години.
ПРИКАЗНА 64
Соломон го гради храмот
И покрај тоа што бил многу мудар, Соломон бил наведен да направи нешто погрешно и бесмислено.
ПРИКАЗНА 65
Царството е разделено
Само што почнал да владее, Јеровоам го навел народот да го прекрши Божјиот закон.
ПРИКАЗНА 67
Јосафат му верува на Јехова
Зошто една војска тргнала во битка предводена од невооружени пејачи?
ПРИКАЗНА 68
Две деца кои оживеале
Дали некој што умрел може повторно да оживее? Тоа веќе се случило порано!
ПРИКАЗНА 69
Едно девојче му помага на еден моќен човек
Таа имала храброст да зборува, и на крајот се случило чудо.
ПРИКАЗНА 70
Јона и големата риба
Јона извлекол важна поука, да направи онака како што ќе каже Јехова.
ПРИКАЗНА 74
Човек кој не се плашел
Еремија мислел дека е премлад за да биде пророк, но Бог знаел дека може да успее во тоа.
ПРИКАЗНА 75
Четири момчиња во Вавилон
Тие успеале да останат верни иако биле одвоени од своите семејства.
ПРИКАЗНА 76
Ерусалим е уништен
Зошто Бог им дозволил на Вавилонците, непријателите на Израелците, да го уништат Ерусалим?
ПРИКАЗНА 80
Божјиот народ го напушта Вавилон
Кога го освоил Вавилон, персискиот цар Кир исполнил едно пророштво, а потоа исполнил уште едно.
ПРИКАЗНА 81
Доверба во Божјата помош
Израелците прекршиле човечки закони за да му бидат послушни на Бог. Дали Бог би ги благослови?
ПРИКАЗНА 82
Мардохеј и Естира
Царицата Астина била убава, но цар Ахасвер ја поставил Естира за нова царица. Зошто?
ПРИКАЗНА 83
Ѕидиштата на Ерусалим
Додека го граделе ѕидот, работниците морале ден и ноќ да имаат со себе меч и копје.
ПРИКАЗНА 84
Еден ангел ја посетува Марија
Тој ѝ пренел порака од Бог: Марија ќе родела дете кое засекогаш ќе владеело како цар
ПРИКАЗНА 86
Луѓе водени од една ѕвезда
Кој ги водел астролозите кај Исус? Одговорот можеби ќе те изненади.
ПРИКАЗНА 87
Младиот Исус во храмот
Тој поседувал нешто со кое ги зачудил дури и постарите мажи кои поучувале во храмот.
ПРИКАЗНА 88
Јован го крштава Исус
Јован крштавал грешници, но Исус никогаш не згрешил. Зошто Јован го крстил Исус?
ПРИКАЗНА 91
Исус поучува на една гора
Дознај за безвременската мудрост од неговата Проповед на гората.
ПРИКАЗНА 92
Исус подига мртви
Користејќи ја моќта од Бог, Исус кажал два едноставни збора и ја воскреснал ќерката на Јаир.
ПРИКАЗНА 94
Тој ги сака малите деца
Исус ги поучил апостолите дека треба многу да научат за децата, но и од децата.
ПРИКАЗНА 95
Начинот на кој Исус поучувал
Приказната за добриот Самарјанин е пример за начинот на кој Исус најчесто поучувал.
ПРИКАЗНА 98
На Маслинската Гора
Исус им кажал на четворица од неговите апостоли што ќе се случува во нашево време.
ПРИКАЗНА 99
Во една горна соба
Зошто Исус им кажал на неговите ученици секоја година да ја прославуваат оваа посебна вечера?
ПРИКАЗНА 102
Исус е жив
Откако еден ангел го отркалал каменот од гробот на Исус, војниците кои го чувале гробот се шокирале од она што го виделе внатре.
ПРИКАЗНА 104
Исус се враќа на небото
Пред да се вознесе на небото, Исус им дал уште една, последна заповед на своите ученици.
ПРИКАЗНА 106
Ослободени од затвор
Еврејските верски водачи ги ставиле апостолите во затвор за да ги спречат да проповедаат, но Бог планирал нешто друго.
ПРИКАЗНА 108
На патот за Дамаск
Заслепувачка светлина и еден глас од небото му го смениле животот на Савле.
ПРИКАЗНА 109
Петар го посетува Корнелиј
Дали Бог сметал дека некоја човечка раса или нација е подобра од другите?
ПРИКАЗНА 110
Тимотеј — новиот помошник на Павле
Тимотеј го напуштил својот дом за да му се придружи на Павле на едно возбудливо проповедничко патување.
ПРИКАЗНА 111
Едно момче заспало
Ефтих заспал за време на првиот говор на Павле, но не и за време на неговиот втор говор. Она што се случило помеѓу двата говори е вистинско чудо.
ПРИКАЗНА 112
Бродолом на еден остров
Кога се чинело дека сѐ е изгубено, Павле добил порака од Бог која му дала надеж.
ПРИКАЗНА 113
Павле во Рим
Како Павле можел да си ја изврши својата задача како апостол додека бил во затвор?
ПРИКАЗНА 114
Крајот на сето зло
Зошто Бог ќе ја испрати својата војска на чело со Исус во битката Армагедон?
ПРИКАЗНА 115
Нов рај на Земјата
Луѓето еднаш веќе живееле во рај на Земјата, и така ќе биде повторно.
ПРИКАЗНА 116
Што да сториме за да живееме засекогаш
Дали е доволно само да знаеме за Јехова Бог и за Исус Христос? Ако не, што друго е потребно?
Прашања за проучување на Мојата книга со библиски приказни
Библиски стихови и прашања за проучување кои се наменети да им помогнат на младите да извлечат потполна корист од секоја библиска приказна.

