Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Политика за приватност и користење колачиња

Политика за приватност и користење колачиња

Организацијата на Јеховините сведоци го почитува правото на приватност на секој поединец. Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за Политиката за заштита на податоци, кликни овде.

Во Политиката за заштита на податоци е наведено како организацијата на Јеховините сведоци ги користи личните податоци. Освен тоа, за оваа интернет-страница важат конкретни упатства кои се наведени подолу.

Оваа интернет-страница е во сопственост на непрофитното правно тело Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc. (понатаму во текстот „Watchtower“) со седиште во Њујорк. Тоа ги поддржува активностите на Јеховините сведоци и нивното библиско образовно дело. Некои од серверите за оваа интернет-страница се наоѓаат во САД.

Лични податоци

Личните податоци кои ги внесуваш на оваа страница се користат исклучиво за целта која била наведена во тој момент.

Твоите лични податоци нема да ги проследиме никому, освен ако тоа е неопходно за да се овозможи услугата која си ја побарал, ако тоа јасно ти го ставиме до знаење или, пак, ако поради силни причини сметаме дека тоа е неопходно за да се испочитува одреден закон, за да се исполни некое барање на властите, за да се открие и да се спречи измама, или од безбедносни и други технички причини. Со тоа што ја користиш оваа страница, се согласуваш да ги проследиме твоите лични податоци до трета странка исклучиво поради горенаведените причини. Твоите лични податоци под никакви околности нема да бидат продадени, разменети или изнајмени.

Трети странки. Оваа интернет-страница понекогаш содржи линкови од трети странки кои ни вршат одредени услуги (на пример, пополнување на онлајн формулари). Ќе знаеш дека си бил пренасочен на интернет-страница на трета странка бидејќи ќе се промени изгледот на страницата, како и адресата на твојот интернет-прелистувач. Кога одбираме некоја трета странка, а и потоа, одвреме-навреме ја проверуваме нејзината политика за приватност и за заштита на лични податоци за да бидеме сигурни дека се придржува за истите стандарди како и ние. Доколку имаш прашања во врска со Политиката за приватност на некоја трета странка, те молиме прочитај ги правилата наведени на нејзината интернет-страница.

Безбедност

Безбедноста на твоите лични податоци е многу важна за нас. Твоите лични податоци ги штитиме со помош на технологии за кодирање како што е Transport Layer Security (TLS). Користиме компјутерски системи со ограничен пристап, сместени во објекти со физички, електронски и процедурални безбедносни мерки со цел да се заштити доверливоста и безбедноста на информациите кои си ни ги испратил.

Кориснички профил

Имејл адресата што ќе ја внесеш кога ќе креираш профил на оваа интернет-страница ќе се користи за да ти се праќаат пораки поврзани со твојот профил. На пример, ако си го заборавил своето корисничко име или лозинка и побараш помош за да можеш да се најавиш на страницата, ќе ти биде испратена порака на имејл адресата што е наведена во твојот профил.

Доброволни прилози

Доколку дадеш прилог онлајн, ќе ги сочуваме твоето име и информации за контакт. За да примиме прилог преку кредитни картички, користиме проверени системи за плаќање со висок степен на безбедност. Не чуваме ниту, пак, имаме пристап до информации поврзани со твојата кредитна картичка, банковна сметка или која и да било друга информација која ја користат ваквите системи. Примателот на доброволниот прилог ја чува историјата на финансиски трансакции најмалку десет години. Во неа се вклучени датумот, износот и начинот на давање на прилогот. Тоа ни помага да ги исполниме сметководните прописи и да можеме да одговориме на секое прашање кое можеби ќе го поставиш во текот на тој период. Нема да бараме од тебе дополнителни прилози.

Останати податоци

Освен за давање прилог или креирање профил, личните податоци (на пример, твоето име, адреса и телефонски број) би можел да ги внесеш и од други причини (на пример, за да побараш бесплатен библиски курс). Сите твои податоци ги собираме, чуваме и користиме исклучиво за целта која била наведена и онолку долго колку што е потребно.

Колачиња и слични технологии

Кога ќе ја посетиш нашата интернет-страница, некои информации се собираат автоматски. Тоа се прави преку „колачиња“ (cookies), „пиксел тагови“ (web beacons) и слични технологии. Терминот „колачиња“ овде го користиме во поширока смисла, и тој вклучува слични технологии како што е „локално складирање“ (local storage).

Колачиња. Како и кај повеќето други интернет-страници, кога ја посетуваш оваа интернет-страница, мал број податоци познати како колачиња може да бидат сочувани на твојот мобилен телефон, таблет или хард диск. Постојат различни видови колачиња кои извршуваат различни функции и главно служат за да ти го олеснат користењето на интернет-страницата. Колачиња користиме за да знаеме дали претходно веќе си бил на нашата интернет-страница или за да се зачуваат опциите што си ги избрал додека си бил на страницата. На пример, јазикот на страницата што си го избрал може да се зачува во едно колаче за да може следниот пат кога ќе ја отвориш страницата, таа да се прикаже на тој јазик. Колачиња не користиме за маркетиншки цели.

Колачињата што се користат на оваа страница може да се групираат во некоја од следниве три категории:

  1. Неопходни колачиња. Овие колачиња се неопходни за да можеш да користиш некои опции на нашата страница, на пример, за да се најавиш на страницата или да испратиш некој онлајн формулар. Без овие колачиња, услугите кои си ги побарал, како што е давањето онлајн прилог, не би биле можни. Овде спаѓаат и колачињата кои ни овозможуваат да ти обезбедиме некоја услуга која самиот си ја побарал додека си бил на оваа страница. Овие колачиња не собираат податоци за тебе кои би можеле да се користат за маркетиншки цели ниту, пак, меморираат кои интернет-страници си ги посетил.

  2. Функционални колачиња. Овие колачиња овозможуваат страницата да запамти каков избор си направил (на пример, во врска со твоето корисничко име, јазик или локација), како и да ти овозможи користење на додатни опции.

  3. Аналитички колачиња. Овие колачиња се користат за собирање податоци во врска со користењето на оваа страница, на пример бројот на посетители или просечното време кое посетителите го поминуваат секогаш кога ќе ја отворат страницата. Тие податоци се користат исклучиво за да се подобри работата на оваа страница.

Некои колачиња се сопствени колачиња кои се наоѓаат на нашата страница, а некои потекнуваат од друг домен. Ние користиме само сопствени колачиња, со исклучок на колачињата поврзани со услугата Google reCAPTCHA. Оваа услуга овозможува да се направи разлика меѓу човек и компјутер со цел да се избегнат несакани спам пораки. Те молиме види ја политиката за приватност на Google која се наоѓа на https://www.google.com/intl/en/policies/privacy/.

Пиксел тагови. Различните страници на нашата интернет-страница може да содржат мали електронски фајлови познати како пиксел тагови (web beacons) кои ни овозможуваат да ја следиме активноста на корисниците, на пример, да знаеме кога се наоѓаат на одреден дел од нашата страница. Пиксел таговите ги користиме за да го следиме користењето на оваа интернет-страница и да знаеме како функционира нејзиното работење.

IP адреса. IP адресата е нумерички код кој го идентификува твојот компјутер на Интернет. Твојата IP адреса ја користиме поради анализа на навиките на корисниците, како и за да ги подобриме услугите кои ги нудиме.

Прашање на избор. Повеќето интернет-прелистувачи ти нудат можност да ги исклучиш колачињата или да добиеш порака пред некое колаче да биде сочувано на твојот уред. Те молиме да ги погледнеш упатствата на твојот интернет-прелистувач за да дознаеш како може да ги активираш или деактивираш тие опции. Меѓутоа, имај на ум дека некои опции на нашата интернет-страница нема да работат без колачиња.

Active Scripting или JavaScript

Оваа технологија се користи за побрз и поквалитетен пристап до содржините на страницата. Освен тоа, така страницата може побрзо да ти испрати повратни информации. Оваа технологија никогаш нема да се употреби од наша страна за да се инсталира некаква програма на твојот компјутер ниту, пак, за неовластено собирање на лични податоци.

Опцијата Active scripting или JavaScript мора да биде активирана во прелистувачот за да може исправно да функционираат некои делови на страницата. На повеќето прелистувачи, оваа опција може да биде активирана или деактивирана за конкретни интернет-страници. За да дознаеш како да го направиш тоа, побарај во делот „Помош“ (Help) во твојот прелистувач.

Твоите права

Користењето на оваа страница, вклучувајќи го и преземањето на кои и да било публикации, видеоматеријали или аудиосодржини, е бесплатно. За да можеш да ја користиш оваа страница, не е неопходно да имаш свој профил, да дадеш прилог или на кој било начин да оставиш лични податоци. Меѓутоа, доколку сакаш да имаш свој профил, да дадеш доброволен прилог, да побараш бесплатен библиски курс или да избереш некоја друга опција која вклучува давање на лични податоци, се согласуваш со оваа Политика за приватност и користење колачиња; се согласуваш со тоа твоите податоци да бидат чувани на серверите кои се наоѓаат во САД, како и со собирање, обработка, пренос и чување на твоите податоци од страна на Watchtower и на други правни тела кои Јеховините сведоци ги користат во различни земји чии услуги се потребни за да се оствари твоето барање. Кој ќе ги собира податоците зависи од природата на твоето барање на оваа страница. На пример, ако дадеш онлајн прилог на некое правно тело во одредена земја, тогаш твоето име и информации за контакт ќе бидат проследени до тоа правно тело, а за тоа ќе бидеш известен додека го даваш прилогот. Или, уште еден пример, доколку побараш бесплатен библиски курс, тогаш твоето име и информации за контакт ќе бидат проследени до соодветната подружница на Јеховините сведоци за да се исполни твоето барање.

Доколку не сакаш да ги дадеш податоците кои се потребни за да се креира профил, да се даде прилог или да можеш да ја користиш оваа страница на некој друг начин, тогаш нема да можеме да го исполниме твоето барање.

Ако некогаш се појави потреба да ја смениме оваа Политика за приватност и користење колачиња, промените ќе ги објавиме овде за да можеш во секое време да знаеш кои информации ги собираме и како ги користиме.

Во рамките на постоечките закони, може да имаш и додатни права кои се однесуваат на заштитата на лични податоци. Во тоа спаѓа правото на увид, исправка или бришење на личните податоци кои си ги оставил на оваа интернет-страница. Доколку ова важи и за твојата земја, повеќе информации ќе можеш да најдеш овде. Доколку твоите лични податоци се однесуваат на давање доброволен прилог, те молиме стапи во контакт со примателот на подарокот кој ќе ти биде назначен во текот на процедурата за давање прилог, како и на потврдата за дадениот прилог.