Префрли се на текстот

Јеховини сведоци

Select language македонски

Политика за заштита на податоци

Политика за заштита на податоци

Организацијата на Јеховините сведоци го почитува правото на приватност на поединецот во склад со начелата кои се наоѓаат во Библијата. Оваа организација е свесна дека е неопходна отворена и искрена комуникација и дека се потребни некои лични и осетливи податоци со цел да се задоволат потребите на Јеховините сведоци и да може да се извршува нивната верска и добротворна активност, а со самото тоа и дека е потребно да се сочува доверливоста на тие податоци и да се заштитат од злоупотреба (Изреки 15:22; 25:9). Доверливоста е од исклучителна важност (Изреки 20:19).

Во многу земји постојат закони чија цел е да се обезбеди право на лична приватност. Организацијата на Јеховините сведоци уште одамна е позната по тоа дека го почитува правото на приватност и доверливост, долго пред да бидат донесени такви закони. Организацијата на Јеховините сведоци ќе продолжи да ги штити информациите кои се доставени до неа, како што и веќе прави долги години наназад, што сега е наведено во оваа Политика за заштита на податоци.

Примена

Оваа политика се однесува на целата организација на Јеховините сведоци, која ширум светот ја претставуваат нејзините подружници.

Заштита на податоци

Организацијата на Јеховините сведоци ги користи сите лични податоци во склад со следниве принципи:

  1. Личните податоци се користат на чесен и законски начин.

  2. Личните податоци се собираат, обработуваат и користат само во мера која е неопходна за извршување на верските и добротворните цели на Јеховините сведоци.

  3. Личните податоци се точни и редовно се ажурираат. Секоја неправилност ќе биде коригирана веднаш штом организацијата ќе ја увиди.

  4. Личните податоци се чуваат само онолку колку што е неопходно за законските цели на организацијата.

  5. Се обрнува посебно внимание на почитувањето на правата на поединецот со чии податоци се располага.

  6. Се преземаат соодветни технички и организациски мерки со цел да се спречи неовластено или незаконско користење на лични податоци. Сите податоци се чуваат во компјутери заштитени со лозинки кои ги знаат само овластени лица. По завршувањето на работното време, канцелариите се заклучуваат и пристап имаат само овластени лица.

  7. Подружниците не ги разменуваат личните податоци освен ако тоа не е неопходно за да може да се извршуваат верските и добротворните активности на Јеховините сведоци, на што се согласил секој Јеховин сведок со тоа што слободно и доброволно одлучил да стане Јеховин сведок.

Право на поединецот

  1. Се почитува правото на поединецот неговите лични и осетливи податоци да бидат заштитени, како и да бидат коригирани или избришани, во склад со принципите кои се наведени во оваа Политика за заштита на податоци.

  2. Секој што ќе поднесе такво барање мора да наведе доволно докази со кои ќе го докаже својот идентитет.

  3. Доколку некој побара пристап до своите лични или осетливи податоци или, пак, нивно коригирање или бришење, организацијата совесно ќе разгледа дали може да се исполни тоа барање, земајќи ја предвид желбата на поединецот да добие пристап до своите податоци или нивно коригирање и бришење, но и земајќи ги предвид законските одредби за религиозни организации, кои го вклучуваат и прашањето дали со исполнувањето на тоа барање на некој начин би се загрозило правото на вероисповед.

  4. Во интерес на организацијата е трајно да ги сочува податоците кои се однесуваат на статусот на поединецот како Јеховин сведок. Бришењето на такви податоци не е во склад со верските уверувања и практики на организацијата.

Право на жалба

Ако некој поединец смета дека неговите права биле загрозени на некој начин, може да испрати писмена жалба до Одборот на подружницата. Тоа писмо треба да биде испратено во рок од две недели од појавата на причината за жалба.