Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Зошто Јеховините сведоци не слават Божиќ?

Зошто Јеховините сведоци не слават Божиќ?

Вообичаени заблуди

Заблуда: Јеховините сведоци не слават Божиќ затоа што не веруваат во Исус.

Вистина: Ние сме христијани и уверени сме дека спасението доаѓа само преку Исус Христос (Дела 4:12).

Заблуда: Правите раздор во семејствата со тоа што ги поучувате вашите членови да не слават Божиќ.

Вистина: Ние многу ги сакаме нашите семејства и со помош на советите од Библијата сакаме уште повеќе да ги зајакнеме семејните врски.

Заблуда: Вие не придонесувате за мирот и за добрите односи меѓу луѓето. Многу е убаво да се даваат и да се примаат подароци за време на божиќните празници. Не знаете што пропуштате!

Вистина: Ние се трудиме секој ден да бидеме дарежливи и во добри односи со другите (Изреки 11:25; Римјаните 12:18). На пример, начинот на кој ги одржуваме нашите состаноци и на кој проповедаме е во склад со она што го рекол Исус: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8). Освен тоа, уверени сме дека само Божјето Царство ќе донесе мир во светот (Матеј 10:7).

Зошто Јеховините сведоци не слават Божиќ?

  • Исус ни дал заповед да ја одбележуваме неговата смрт, а не неговото раѓање (Лука 22:19, 20).

  • Апостолите и првите ученици на Исус не славеле Божиќ. Во New Catholic Encyclopedia пишува дека „Исусовото раѓање почнало да се прославува околу 243 год. од н.е.“, повеќе од еден век по смртта на последните апостоли.

  • Не постојат никакви докази дека Исус се родил на 7 јануари, односно на 25 декември. Всушност, во Библијата никаде не е запишан датумот на неговото раѓање.

  • Поради тоа што влече корени од паганските обичаи и обреди, уверени сме дека Бог не го одобрува овој празник (2. Коринќаните 6:17).

Важно ли е каква одлука ќе донесеш?

Многу луѓе слават Божиќ и покрај тоа што знаат дека овој празник има паганско потекло и дека никаде во Библијата не пишува дека треба да го славиме. Тие можеби си мислат: „Зошто да бидам црна овца? Голема работа ако славам Божиќ!“

Но, Библијата нѐ поттикнува да го користиме „својот разум“ (Римјаните 12:1, 2). Исто така, нѐ советува најважна да ни биде вистината (Јован 4:23, 24). Затоа, иако сакаме другите да имаат добро мислење за нас, најважно ни е да живееме според библиските мерила, дури и ако тоа значи дека нема да бидеме омилени меѓу луѓето.

Иако ние сме одлучиле да не славиме Божиќ, го почитуваме правото на секој човек сам да донесе одлука во врска со ова. Затоа, не ги спречуваме другите да ги прославуваат Божиќните празници.

 

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Што вели Библијата за Божиќ?

Можеби ќе се изненадиш кога ќе го дознаеш потеклото на некои божиќни обичаи.