Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали жените кои се Јеховини сведоци проповедаат?

Дали жените кои се Јеховини сведоци проповедаат?

Да. Сите Јеховини сведоци ја проповедаат добрата вест. Меѓу нив има и неколку милиони жени. Како што вели Библијата, „жените што ја објавуваат добрата вест се голема војска“ (Псалм 68:11).

Жените кои се Јеховини сведоци го следат примерот на верните жени од библиски времиња (Изреки 31:10-31). Иако тие не преземаат водство во собранието, со задоволство ја проповедаат добрата вест. Освен тоа, тие ги поучуваат своите деца да живеат според библиските начела (Изреки 1:8). Со своите зборови и постапки жените кои се Сведоци се трудат да ги поттикнуваат другите на добри дела (Тит 2:3-5).