Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали Јеховините сведоци ќе заслужат спасение затоа што проповедаат од куќа до куќа?

Дали Јеховините сведоци ќе заслужат спасение затоа што проповедаат од куќа до куќа?

Не. Иако редовно проповедаме од куќа до куќа, не мислиме дека така ќе бидеме спасени (Ефешаните 2:8). Зошто?

Да наведеме една споредба. Замисли си еден добар човек што им ветува скапоцен подарок на сите што ќе дојдат на едно одредено место во одредено време. Ако имаш доверба во тој човек, сигурно ќе го направиш тоа што го вели. Без сомнение, за тоа ќе им кажеш и на твоите пријатели и роднини. Сепак, што и да направиш, ти никогаш нема заслужено да го добиеш тој дар. Подарокот си останува подарок.

Слично на тоа, Јеховините сведоци веруваат дека Бог ќе го исполни своето ветување да им даде вечен живот на оние што му се послушни (Римјаните 6:23). Затоа сакаме да им ја пренесеме оваа вест и на другите, со надеж дека и тие ќе извлечат корист од исполнувањето на Божјите ветувања. Но, ние не мислиме дека со тоа што проповедаме ќе го заслужиме нашето спасение (Римјаните 1:17; 3:28). Навистина, ниту еден човек никогаш не може да заслужи таков прекрасен благослов од Бог. Во Библијата пишува: „Нѐ спаси — не поради праведните дела што сме ги направиле, туку според своето милосрдие“ (Тит 3:5).