Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали Јеховините сведоци ги избегнуваат поранешните членови?

Дали Јеховините сведоци ги избегнуваат поранешните членови?

Оние што се крстени Јеховини сведоци а повеќе не им проповедаат на другите, па дури и ги прекинуваат врските со своите соверници, ние не ги избегнуваме. Всушност, одиме кај нив и се обидуваме повторно да го разгориме нивниот интерес за духовни работи.

Ако некој направи тежок грев, не го исклучуваме автоматски. Меѓутоа, ако на еден крстен сведок му стане обичај да ги прекршува библиските морални мерила и не се кае, ќе биде исклучен. Во Библијата јасно пишува: „Отстранете го злобниот од својата средина“ (1. Коринќаните 5:13).

Што ако еден маж е исклучен, но жена му и децата сѐ уште се Јеховини сведоци? Поврзаноста што постоела меѓу нив на темел на верата се менува, но крвните врски остануваат. Брачната врска и нормалната поврзаност и љубов што постојат меѓу нив како семејство продолжуваат.

Исклучените лица може да присуствуваат на нашите верски состаноци. Исто така, ако сакаат можат да добијат библиски совети од собраниските старешини. Целта е да му се помогне секому повторно да биде Јеховин сведок. Исклучените лица што престануваат да постапуваат погрешно и покажуваат искрена желба да живеат според библиските мерила се добредојдени повторно да станат членови на собранието.

Нешто повеќе

СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ

Зошто некои се исклучени?

Како укорот што со љубов го дава Бог е за доброто на оној што греши?