Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што е тоа библиски курс?

Што е тоа библиски курс?

Јеховините сведоци нудат библиски курс преку кој луѓето можат да ги дознаат одговорите на многу прашања. Некои од нив се:

  • Кој е Бог?

  • Се грижи ли Бог за мене?

  • Како да си го подобрам бракот?

  • Како да бидам среќен?

Подолу ќе најдеш одговор на некои често поставувани прашања во врска со нашиот курс за проучување на Библијата.

Како изгледа библискиот курс? Избираме една тема, како на пример „Бог“ или „брак“, и разгледуваме различни библиски стихови поврзани со таа тема. Споредувајќи ги, гледаме што вели Библијата како целина за некоја тема, и на тој начин оставаме Библијата самата да се толкува.

Како помош во проучувањето на Библијата ја користиме книгата Што навистина учи Библијата? Во оваа книга е јасно изнесено што навистина вели Библијата за Бог и Исус, за нашата иднина, како и за многу други теми.

Колку ќе ме чини библискиот курс? Курсот е бесплатен и не се земаат пари за материјалот што се користи.

Колку време треба да одвојам за библискиот курс? Многу луѓе одвојуваат околу еден час секоја седмица за да ја проучуваат Библијата со нас. Но, тоа може да трае различно, во зависност од твоите околности. Ние ќе се прилагодиме на твојот распоред.

Што ќе се случи ако побарам библиски курс? Кога ќе побараш библиски курс, еден Јеховин сведок ќе дојде кај тебе во време и место што ти одговара. За неколку минути ќе ти покаже како се проучува Библијата. Ако ти се допаѓа, можеш да продолжиш да проучуваш.

Ако почнам да ја проучувам Библијата, дали морам да станам Јеховин сведок? Не. Јеховините сведоци многу сакаат да ги поучуваат другите за Библијата, но никогаш не присилуваат некого да стане член на нивната религија. Наместо тоа, објаснуваме што вели Библијата и на секого му го почитуваме личното право да одлучи во што ќе верува (1. Петрово 3:15).