Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Како се финансира делото на Јеховините сведоци?

Како се финансира делото на Јеховините сведоци?

Нашето проповедничко дело првенствено се финансира со доброволни прилози од Јеховини сведоци. На нашите состаноци не се бараат прилози и од членовите не се бара да даваат десеток (Матеј 10:7, 8). Наместо тоа, на местата каде што се собираме има кутии за прилози и, ако некој сака да даде прилог, може да го стори тоа. Прилозите се даваат анонимно.

Една причина зошто немаме преголеми трошоци е тоа што немаме платени свештеници. Освен тоа, Јеховините сведоци не добиваат пари за тоа што одат од куќа до куќа, и нашите сали за состаноци се скромни.

Донациите што се испраќаат во подружниците на Јеховините сведоци се користат за да им се помогне на жртвите на природни катастрофи, за финансиска поддршка на нашите мисионери и патувачки надгледници, за изградба на нашите сали во земјите во развој и за да се печатат и испорачуваат Библии и други христијански публикации.

Секој одлучува дали ќе приложи пари за покривање на локалните трошоци, за нашето дело низ целиот свет, или и за едното и за другото. Секое собрание редовно им дава финансиски извештај на своите членови.

Нешто повеќе

СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ

„Работата е голема“

Имаш чест да го поддржиш најголемото дело во човечката историја.

СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ

Покажи дека ја цениш дарежливоста на Јехова

Библијата зборува и за исправните и за неисправните мотиви поради кои би можеле да даваме од своето време, сила и средства.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како Јеховините сведоци го финансираат своето дело

Дознај како се поддржува и како се финансира делото низ целиот свет.