Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Зошто местото каде што се собираат Јеховините сведоци не се нарекува црква?

Зошто местото каде што се собираат Јеховините сведоци не се нарекува црква?

Во Библијата, грчкиот збор кој понекогаш се преведува со „црква“ се однесува на луѓе кои се собрани за да го обожаваат Бог, а не на местото на кое се состануваат.

Размисли за следниов пример: Кога апостол Павле им пишал на христијаните во Рим, тој ги поздравил Акила и Прискила и ,црквата што се собирала во нивниот дом‘ (Римјаните 16:5, Радосна Вест). Се разбира, Павле не сакал да испрати поздрав до куќата, туку до луѓето што биле собрани во неа. *

Затоа, местото каде што се собираме за да го обожаваме Бог не го нарекуваме црква, туку „Сала на Царството“.

Зошто на нашите сали стои натпис „Сала на Царството — Јеховини сведоци“?

Овој натпис е соодветен од следниве причини:

  • Местото каде што се собираме е сала, односно место за состанување.

  • Се состануваме за да го обожаваме Јехова, Богот за кој зборува Библијата и чие име го носиме (Псалм 83:18; Исаија 43:12).

  • Се состануваме и за да учиме за Божјето Царство за кое Исус често им зборувал на луѓето (Матеј 6:9, 10; 24:14; Лука 4:43).

Срдечно те покануваме да дојдеш во Салата на Царството во твоето место и да видиш како се одржуваат состаноците на Јеховините сведоци.

^ пас. 3 Слични изјави се појавуваат и во 1. Коринќаните 16:19 (Радосна Вест), Колошаните 4:15 (Превод на МПЦ) и Филимон 2 (Радосна Вест).

 

Нешто повеќе

СОСТАНОЦИ

Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци?

Дознај повеќе преку овој видеоклип.