Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Кој е основачот на Јеховините сведоци?

Кој е основачот на Јеховините сведоци?

Денешната организација на Јеховини сведоци го започнала своето постоење кон крајот на 19 век. Во тоа време, една мала група истражувачи на Библијата кои живееле во близината на Питсбург (Пенсилванија, САД), почнале систематски да ја проучуваат Библијата. Учењата на црквите ги споредиле со она што навистина го пишува во Библијата. Она што го дознале почнале да го издаваат во книги, весници и во списанието што сега се нарекува Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство.

Во таа група искрени истражувачи на Библијата бил и еден човек по име Чарлс Тејз Расел. Иако Расел предводел во библиското образовно дело во тоа време и бил првиот издавач на Стражарска кула, тој не бил основач на една нова религија. Целта на Расел и на другите Истражувачи на Библијата, како што подоцна се нарекувала групата, била да ги шират учењата на Исус Христос и да се угледаат на христијанското собрание од првиот век. Бидејќи Исус е Основачот на христијанството, го сметаме за основач и на нашата организација (Колошаните 1:18-20).

Нешто повеќе

СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ

„Ајде да споредуваме стих со стих“

Како може контекстот да ни го открие значењето на она што го читаме од Библијата?