Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Зошто Јеховините сведоци повторно зборуваат со луѓе што веќе рекле дека не се заинтересирани?

Зошто Јеховините сведоци повторно зборуваат со луѓе што веќе рекле дека не се заинтересирани?

Поттикнати од љубов кон Бог и кон ближниот, Јеховините сведоци им ја пренесуваат библиската порака на сите луѓе, вклучувајќи ги и оние што претходно рекле дека не се заинтересирани (Матеј 22:37-39). Љубовта кон Бог нѐ поттикнува да бидеме послушни на заповедта на неговиот Син „да сведочиме темелно“ (Дела 10:42; 1. Јованово 5:3). За да можеме да го извршиме тој налог, им ја пренесуваме Божјата порака на луѓето повеќе од еднаш, исто како што правеле Божјите пророци во минатото (Еремија 25:4). Бидејќи ги сакаме нашите ближни, се трудиме да им ја пренесеме животоважната „добра вест за царството“ на сите луѓе, меѓу кои се и оние што претходно не биле заинтересирани (Матеј 24:14).

Кога повторно одиме онаму каде што некој нѐ одбил, честопати наидуваме на уво што сака да слуша. Тоа најчесто се случува од следниве три причини:

  • Луѓето се селат.

  • Некој друг од семејството покажува интерес за нашата порака.

  • Луѓето се менуваат. Поради настаните на светската сцена или поради промена на некои лични околности, некои луѓе стануваат „свесни дека им е потребен Бог“ и почнуваат да се интересираат за пораката што ја пренесуваме (Матеј 5:3, фус.). Дури и оние што имаат негативен став кон библиската порака можат да се сменат, што било случај и со апостол Павле (1. Тимотеј 1:13).

Сепак, ние никого не присилуваме да ја прифати нашата порака (1. Петрово 3:15). Сметаме дека секој човек треба сам да одлучи во што ќе верува (5. Мојсеева 30:19, 20).

Нешто повеќе

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали Јеховините сведоци ќе заслужат спасение затоа што проповедаат од куќа до куќа?

Дознај како можеме да добиеме спасение.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали Јеховините сведоци се христијани?

Дознај во што се разликуваме од другите религии кои се нарекуваат христијански.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали Јеховините сведоци сметаат дека само нивната религија е исправна?

Дали Исус рекол дека има многу патишта што водат до спасение?