Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Како можам да станам Јеховин сведок?

Како можам да станам Јеховин сведок?

За некој да стане Јеховин сведок потребно е да го прави она што го кажал Исус, а е запишано во Матеј 28:19, 20. Според зборовите на Исус, оној што сака да биде негов ученик треба да зборува, односно да сведочи за Јехова.

Прв чекор: Треба да дознаеш што учи Библијата. На своите следбеници, Исус им рекол: „Одете и правете ученици... учејќи ги“ (Матеј 28:19, 20). Во Библијата, особено во делот каде што се запишани учењата на Исус Христос, се запишани корисни совети за среќен и исполнет живот (2. Тимотеј 3:16, 17). Доколку сакаш да дознаеш што учи Библијата, ќе ни биде драго да ти помогнеме во тоа преку бесплатен библиски курс (Матеј 10:7, 8; 1. Солуњаните 2:13).

Втор чекор: Треба да го примениш она што го учиш. Исус рекол дека оние што сакаат да бидат негови ученици мора да држат сѐ што им заповедал (Матеј 28:20). Тоа значи дека целта на твоето проучување на Библијата не треба да биде само да стекнеш знаење туку и да направиш промени во размислувањето и однесувањето (Дела 10:42; Ефешаните 4:22-29; Евреите 10:24, 25). Потоа, оние што се послушни на заповедите на Исус одлучуваат да го следат и да му го посветат својот живот на Јехова Бог (Матеј 16:24).

Трет чекор: Треба да се крстиш (Матеј 28:19). Во Библијата, крштавањето е споредено со погребување. (Спореди со Римјаните 6:2-4.) Откако некој ќе се крсти, на некој начин го закопува претходниот начин на живот и започнува нов. Според тоа, со твоето крштавање, јавно покажуваш дека си ги направил првите два чекора што ги опишал Исус и бараш од Бог да ти даде чиста совест (Евреите 9:14; 1. Петрово 3:21).

Како да знам дали сум спремен да се крстам?

Зборувај за тоа со собраниските старешини. Тие ќе разговараат со тебе за да се уверат дека добро разбираш што сѐ е вклучено во твојата одлука да станеш Јеховин сведок, дека го применуваш она што си го научил и дека по своја волја си му го посветил животот на Бог (Дела 20:28; 1. Петрово 5:1-3).

Дали истите овие чекори важат и за деца на Јеховини сведоци?

Да. Ние ги воспитуваме нашите деца „со стега од Јехова“, како што ни е заповедано во Библијата (Ефешаните 6:4). Но, како што растат, децата мора самите да одлучат дали ќе ја проучуваат Библијата, дали ќе го прифатат она што го учат и дали ќе го применуваат, за потоа да можат да се крстат (Римјаните 12:2). Секој мора сам да донесе лична одлука во врска со својата вера во Бог (Римјаните 14:12; Галатите 6:5).

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Како да ја препознаеш вистинската религија?

Дали постои само една вистинска религија? Разгледај пет работи по кои ќе ја препознаеш вистинската религија.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали Јеховините сведоци сметаат дека само нивната религија е исправна?

Дали Исус рекол дека има многу патишта што водат до спасение?