Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Колку Јеховини сведоци има низ целиот свет?

Колку Јеховини сведоци има низ целиот свет?

Извештај од 2015 службена година *

Број на Јеховини сведоци низ целиот свет:

8.220.105

Собранија:

118.016

Земји во кои проповедаат Јеховините сведоци:

240

Како го одредувате бројот на вашите членови?

Во овој број се вклучени само оние што секој месец ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14). Во нив спаѓаат оние што се крстени како Сведоци, но и оние кои сѐ уште не се крстени, но ги исполнуваат условите за да учествуваат во ова дело.

Дали некој треба да донира пари за да стане ваш член?

Не. Паричните прилози не влијаат врз тоа дали некој ќе биде вброен како Јеховин сведок или, пак, дали ќе добие одредена задача или одговорност во нашата организација (Дела 8:18-20). Всушност, најголемиот дел од прилозите се анонимни. Освен тоа, секој Јеховин сведок, во склад со својата желба и можности, спремно го троши своето време, сила и средства за нашето меѓународно дело (2. Коринќаните 9:7).

Од каде знаете колкумина активно проповедаат?

Секој месец, во своите собранија Јеховините сведоци даваат извештај за уделот што го имале во проповедничкото дело. Ваквиот извештај се дава доброволно.

Податоците од собраниските извештаи се внесуваат во табели, и вкупните бројки се испраќаат во локалната подружница. Секоја подружница ги испраќа вкупните бројки од својата земја или регион до нашето главно седиште.

На крајот од секоја службена година, * се одредува највисокиот број на Сведоци за секоја земја. Овие бројки се собираат за да се добие вкупниот број на Јеховини сведоци низ целиот свет. Детални извештаи за секоја земја, како и искуства од проповедничкото дело, се објавуваат во Годишникот на Јеховините сведоци. Тие многу ни ја зајакнуваат верата. И во првиот век христијаните биле охрабрени кога слушале слични извештаи (Дела 2:41; 4:4; 15:3).

Дали во извештајот ги вклучувате оние кои се во контакт со вашата организација, но не проповедаат?

Иако не ги вклучуваме таквите лица во вкупниот број на Јеховините сведоци, тие се срдечно добредојдени во нашите собранија. Повеќето од нив доаѓаат на годишното одбележување на Христовата смрт. Нивниот број може отприлика да се одреди ако од бројот на присутни на Спомен-свеченоста се одземе бројот на Јеховини сведоци. Во 2015 год., на овој состанок беа присутни 19.862.783 лица.

Ние бесплатно ја проучуваме Библијата со многу од оние што не присуствуваат на нашите состаноци. Во текот на 2015 год., секој месец во просек водевме 9.708.968 библиски курсеви. На некои од тие курсеви присуствуваат и повеќе лица.

Зошто во пописот на некои земји се известува поголем број на Јеховини сведоци од бројот на членови што го известувате вие?

Државните заводи за статистика честопати доаѓаат до своите бројки така што ги прашуваат луѓето на која религија ѝ припаѓаат. На пример, според Заводот за статистика во САД, нивните истражувања „имаат за цел да утврдат дали испитаниците се сметаат себеси за приврзаници на некоја верска заедница“. Овој извор понатаму додава дека крајните податоци „се темелат на лично мислење, а не на факти“. За разлика од тоа, ние ги броиме како Јеховини сведоци само оние што им проповедаат на другите и даваат извештај за својата активност, а не оние што само се изјаснуваат како Сведоци.

^ пас. 2 Службената година почнува на 1 септември и трае до 31 август следната календарска година. На пример, 2015 службена година траеше од 1 септември 2014 до 31 август 2015.

^ пас. 16 Службената година почнува на 1 септември и трае до 31 август следната календарска година. На пример, 2015 службена година траеше од 1 септември 2014 до 31 август 2015.