Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали ја извртувате Библијата за да одговара на вашите верувања?

Дали ја извртувате Библијата за да одговара на вашите верувања?

Не. Напротив, досега сме докажале дека сме спремни да ги смениме нашите верувања кои не биле потполно во склад со Библијата.

Уште пред да почнеме да го печатиме преводот Нов свет во 1950 год., темелно сме ја проучувале Библијата и сме ги изградиле нашите верувања. При тоа сме користеле различни преводи. Да наведеме неколку верувања кои ги застапуваме долго време, а вие самите проценете дали тие се темелат на Библијата.

  1. Верување: Бог не е дел од тројство. Во изданието на Сионска Стражарска кула од јули 1882 год., пишува: „Нашите читатели знаат дека веруваме во Јехова, во Исус и во светиот дух. Сепак, воопшто не се сложуваме со тврдењето дека тие се три Богови во една личност или, како што велат некои, еден Бог во три личности. Зошто? Затоа што тоа учење нема никаков темел во Библијата“.

    Што вели Библијата: „Јахве нашиот Бог е еден Господ“ (5. Мојсеева 6:4, Превод на дипл. теолог Санде Тодоровски). „Ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко. Тој е создателот на сѐ и ние за Него живееме. Имаме еден Господ, и тоа е Исус Христос. Сѐ е преку Него создадено, вклучувајќи нѐ и нас, луѓето“ (1. Коринќаните 8:6, Радосна Вест). „Таткото е поголем од Мене“ (Јован 14:28, Радосна Вест).

  2. Верување: Луѓето не се мачат во пекол. Уште во јуни 1882 год., во Сионска Стражарска кула детално е обработена темата „Платата за гревот е смртта“. Главната мисла која се провлекува во тоа списание се темели на Римјаните 6:23, библиски стих кој е цитиран од англискиот превод на Библијата King James Version. Во списанието стои следниов коментар: „Овие зборови се сосема јасни и едноставни. Многу е чудно тоа што многумина кои веруваат дека Библијата е Божја Реч упорно ја оспоруваат оваа изјава, која нѐ ослободува од голем број стравови. Тие не само што веруваат дека казната за гревот е вечно мачење во пекол туку и тврдат дека тоа верување се темели на Библијата“.

    Што вели Библијата: „Оној кој ќе згреши, тој ќе умре“ (Езекиел 18:4, 20, Превод на д-р Душан Х. Константинов). Според тоа, Бог не ги казнува злите со вечно мачење во пекол. Тие ќе бидат казнети со „вечно уништување“ (2. Солуњаните 1:9, Радосна Вест).

  3. Верување: Божјето Царство не е во срцето на луѓето, туку е вистинска влада. Во изданието на Сионска Стражарска кула од декември 1881 год., пишува: „Откако ќе биде воспоставено, Божјето Царство ќе ги уништи сите други царства и ќе ја преземе власта над Земјата“.

    Што вели Библијата: „Во времето на овие цареви Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44, Превод на Д.Х.К.).

Можат ли Јеховините сведоци да ги поткрепат своите верувања и со други преводи на Библијата, а не само со преводот Нов свет?

Се разбира дека можеме. Ние не го користиме исклучиво преводот Нов свет, туку и многу други преводи на Библијата. Луѓето со кои бесплатно ја проучуваме Библијата можат без никаков надомест да добијат примерок од преводот Нов свет. Се разбира, воопшто не ни пречи ако оној со кого проучуваме повеќе сака да користи некој друг превод.