Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Зошто Јеховините сведоци се нарекуваат со тоа име?

Зошто Јеховините сведоци се нарекуваат со тоа име?

Јехова е личното име на Бог, кое се наоѓа во Библијата (2. Мојсеева 6:3; Псалм 83:18). Сведок е лице што кажува гледишта во кои е уверено и работи за кои знае дека се вистина.

Затоа, нашето име Јеховини сведоци нѐ означува како група христијани кои ја кажуваат вистината за Јехова, Оној што создал сѐ (Откровение 4:11). На другите им сведочиме со начинот на кој живееме и така што им зборуваме за она што сме го дознале од Библијата (Исаија 43:10-12; 1. Петрово 2:12).