Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали Јеховините сведоци даваат десеток?

Дали Јеховините сведоци даваат десеток?

Не. Јеховините сведоци не даваат десеток. Нашето дело се финансира со доброволни прилози кои ги даваме анонимно. Што значи да се дава десеток, и зошто Јеховините сведоци не го прават тоа?

Заповедта да се дава десеток, односно да се приложува десеттина од своите приходи, била дел од Законот кој му бил даден на древниот Израел. Сепак, Библијата јасно покажува дека овој Закон — вклучувајќи ја и заповедта да се „собираат десеттини“ — не се однесува на христијаните (Евреите 7:5, 18; Колошаните 2:13, 14).

Наместо да даваат десеток или однапред пропишани приноси, Јеховините сведоци го следат примерот на првите христијани и го поддржуваат делото на проповедање на два начини. Прво, проповедаат без да бараат надомест, и второ, самите даваат доброволни прилози.

Со тоа го следиме библискиот совет упатен до сите христијани: „Секој нека направи како што одлучил во своето срце, не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“ (2. Коринќаните 9:7).