Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Невиден пораст на Јеховините сведоци

Невиден пораст на Јеховините сведоци

Во 1987 год., Лајман Свингл, кој тогаш беше член на Водечкото тело на Јеховините сведоци, се обрати пред 63.580 лица собрани во арената Плаза Монументал во Валенсија (Венецуела). Мнозина од присутните цела ноќ патуваа со автобус за да го слушаат неговиот говор. Обраќајќи се пред многубројната публика, брат Свингл рече: „Повеќе не сте мала подружница. Сега сте средна подружница. А по сѐ изгледа, за кратко време ќе станете подружница која ќе се грижи за 100.000 објавители“.

Во 1987 год., во Венецуела имаше преку 38.000 Јеховини сведоци кои ревносно ја објавуваа добрата вест за Божјето Царство. Во тоа време, само осум земји имаа повеќе од 100.000 објавители.

Навистина нѐ воодушевува големиот пораст на Јеховините сведоци низ целиот свет. По Првата светска војна, само неколку илјади луѓе јавно го објавуваа Божјето Царство. Но, тоа се смени. Во Годишникот на Јеховините сведоци за 1943 пишуваше: „Светскиот извештај за 1942 год., иако нецелосен поради отежнатата комуникација, покажува дека сме богато благословени... затоа што сега во целиот свет има повеќе од 106.000 објавители кои ја проповедаат добрата вест“. Дури и кога светот беше зафатен од виорот на Втората светска војна, многу луѓе ја прифатија вистината од Библијата. Во 1950 год., само во САД имаше над 100.000 објавители.

Во 1974 год., и во Нигерија бројот на објавители надмина 100.000.

Следната година, и во Бразил и во Германија имаше повеќе од 100.000 Јеховини сведоци. Тоа што на четири континенти имаше голем пораст е доказ дека многу луѓе се заинтересирани за библиската вистина.

На целата Земјина топка сѐ повеќе луѓе ја прифаќаат добрата вест. Овој пораст е во склад со она што е проречено во Библијата: „Од малиот ќе стане илјада, и од незначителниот — силен народ. Јас, Јехова, ќе го забрзам тоа кога ќе дојде време“ (Исаија 60:22).

Според извештајот за 2014 службена година, 24 земји имаат повеќе од 100.000 објавители. Во тие земји спаѓа и Венецуела, која ја достигна таа бројка во 2007 год. Низ целиот свет има 115.416 собранија на Јеховините сведоци и 8.201.545 објавители.

Земји со повеќе од 100.000 објавители

Континент

Земја

Објавители

Африка

Ангола

108.607

Демократска Република Конго

216.024

Гана

125.443

Нигерија

362.462

Замбија

178.481

Азија

Јапонија

215.703

Јужна Кореја

100.641

Филипини

196.249

Европа

Британија

138.515

Франција

127.961

Германија

166.262

Италија

251.650

Полска

123.177

Русија

171.268

Шпанија

112.493

Украина

150.906

Северна Америка

Канада

116.312

Мексико

829.523

САД

1.243.387

Јужна Америка

Аргентина

150.171

Бразил

794.766

Колумбија

166.049

Перу

123.251

Венецуела

140.226

Нешто повеќе

КОЈ ЈА ВРШИ ЈЕХОВИНАТА ВОЛЈА ДЕНЕС?

Како е организирано проповедањето на Јеховините сведоци?

Го следиме примерот што Исус го оставил кога бил на Земјата. На кои начини се проповеда?