Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула — списание со најголем тираж во светот

Стражарска кула — списание со најголем тираж во светот

Списанието Стражарска кула има најголем тираж од сите списанија во светот. Секој број се печати во над 42 милиони примероци. На второ место е Разбудете се!, со тираж од 41 милион примероци за секое месечно издание. И двете списанија ги издаваат Јеховините сведоци и им ги делат на луѓето во 236 земји.

За споредба, да видиме во колкав тираж се издаваат некои други списанија во светот. Според Асоцијацијата на печатени медиуми, најпродаваното списание во САД го издава Американското здружение на пензионери, организација чија целна група се читателите над 50 години. Тоа списание има тираж од преку 22,4 милиони примероци. Германското списание ADAC Motorwelt се печати во скоро 14 милиони примероци, а кинеското списание Gushi Hui во 5,4 милиони примероци.

Што се однесува до весниците, најголем тираж има јапонскиот весник Yomiuri Shimbun. Овој весник редовно печати над 10 милиони примероци.

Списанијата на Јеховините сведоци ги надминуваат другите списанија и во бројот на јазици на кои се преведуваат. Стражарска кула се преведува на повеќе од 190 јазици, а Разбудете се! на повеќе од 80. Списанието Reader’s Digest, на пример, се издава на 21 јазик, со тоа што содржината се разликува од земја до земја.

За разлика од другите списанија што ги спомнавме, Стражарска кула и Разбудете се! се финансираат со доброволни прилози, не содржат реклами и се бесплатни.

Целта на Стражарска кула е да ги објасни библиските учења — особено што вели Библијата за Божјето Царство. Се издава непрекинато уште од 1879 година. Во списанието Разбудете се! излегуваат теми од разни области како, на пример, од областа на природата или науката, а целта му е да ја зголеми верата на луѓето во Творецот. Ова списание истакнува и како може Библијата да ни помогне во секојдневниот живот.

Нешто повеќе

КОЈ ЈА ВРШИ ЈЕХОВИНАТА ВОЛЈА ДЕНЕС?

Како се пишува и како се преведува литературата на Јеховините сведоци?

Издаваме литература на повеќе од 700 јазици. Зошто вложуваме толкави напори?