Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Помалку страници, повеќе јазици

Помалку страници, повеќе јазици

Од јануари 2013, списанијата Разбудете се! и Стражарска кула за јавност имаат 16 наместо 32 страници.

Бидејќи списанијата содржат помалку материјал, преведувачките тимови можат да ги преведуваат на повеќе јазици. На пример, изданието на Разбудете се! од декември 2012 беше преведено на 84 јазици, а изданието на Стражарска кула од декември 2012 на 195 јазици. Меѓутоа, Разбудете се! од јануари 2013 излезе на 98 јазици, а Стражарска кула на 204.

Изданието на Стражарска кула за проучување сѐ уште има 32 страници.

Помалку печатени страници, повеќе онлајн содржини

Овие промени влијаеја врз содржината на нашата интернет-страница www.jw.org на два начина:

  1. Некои статии кои дотогаш излегуваа во списанијата сега се достапни само на нашата интернет-страница. На пример, рубриките „Катче за младите“, „Што учам од Библијата“ и извештаите од школата Гилеад кои порано излегуваа во Стражарска кула за јавност, како и рубриките „Семејно катче“ и „Младите прашуваат“ кои порано излегуваа во Разбудете се!, сега ги има само онлајн.

  2. Стражарска кула и Разбудете се! се достапни во уште еден електронски формат. Веќе неколку години, Стражарска кула и Разбудете се! беа достапни во PDF формат на www.jw.org. Сега овие списанија се достапни и во HTML формат, со што може полесно да се читаат на компјутер или на некој друг електронски уред. Исто така, има лесен пристап и до друга литература која е достапна на стотици јазици.