Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Песни што се пеат на многу јазици

Песни што се пеат на многу јазици

Воопшто не е лесно да се преведе песна од еден на друг јазик, а уште поголем предизвик е да се преведе една цела книга со 135 песни.

Јеховините сведоци го прифатија овој предизвик и за три години ја преведоа целата песнарка Пејте му на Јехова на 116 јазици. На други 55 јазици има скратена верзија на песнарката, со 55 песни. Во моментов се преведуваат песнарки на уште десетици други јазици.

Преведување текст и песни

Јеховините сведоци преведуваат библиска литература на околу 600 јазици, од кои околу 400 се достапни онлајн. Но, преведувањето на песнарката Пејте му на Јехова бараше посебен труд. Зошто? Затоа што мелодијата на песните требаше да остане непроменета, а текстот да биде преведен на многу јазици.

Не е исто да се преведе текст од списание и да се состават зборови за песна. На пример, кога го преведуваат списанието Стражарска кула, преведувачите се трудат да ја пренесат смислата од англискиот текст најточно што можат. Но, преведувањето песни е нешто друго.

Како се преведуваат песни

Оние што преведуваат песни имаат поинаков пристап кон текстот што треба да го преведат. Стиховите треба да бидат смисловни, убави и лесни за паметење.

Зборовите во песните со кои се слави Бог треба да бидат едноставни, за оној што ја пее песната веднаш да го сфати нејзиното значење и цел. На секој јазик, зборовите и музиката треба убаво да се вклопат за песната да звучи како да била пишувана токму на тој јазик.

Како преведувачите успеваат да го постигнат тоа? Наместо буквално да ги преведуваат зборовите од англиското издание на песнарката Пејте му на Јехова, преведувачките тимови добија упатства да напишат нови текстови со кои ќе ја пренесат суштината на песната. Тие се трудат да ја задржат библиската тема на секоја песна, но притоа да користат природни изрази кои се лесни за разбирање и паметење.

Најпрво се прави дословен превод на англиската песна. Потоа, некој Сведок со дарба за пишување песни го разубавува дословниот превод и од него составува стихови кои ја пренесуваат смислата на изворниот текст. Подоцна, преведувачкиот тим ја проверува песната за да биде сигурен дека е во склад со библиските вистини изнесени во оригиналниот текст и дека нема граматички и правописни грешки.

Голем број Јеховини сведоци низ целиот свет беа пресреќни кога ја добија оваа нова песнарка, а уште многу други со нетрпение очекуваат да биде преведена и на нивниот јазик.