Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

JW.ORG е достапна на преку 300 јазици!

JW.ORG е достапна на преку 300 јазици!

Ако кликнеш на списокот со јазици на оваа страница, ќе се појават повеќе од 300 јазици — нешто кое веројатно нема да го најдеш на ниту една друга интернет-страница.

На колку јазици се достапни некои други познати страници? Во јули 2013 год., страницата на Обединетите нации беше достапна на шест јазици. Официјалната интернет-страница на Европската унија можеше да се чита на 24 јазици. Со Гугл можеше да се преведува на 71 јазик, а во Википедија можеа да се најдат содржини на 287 јазици.

За да се преведат содржините на нашата интернет-страница на повеќе од 300 јазици, потребно е многу време и труд. Поголемиот дел од работата го вршат стотици Јеховини сведоци низ целиот свет кои сакаат да му донесат слава на Јехова. Тие се организирани во посебни тимови за секој јазик и ги користат своите вештини за да ги преведат содржините од англиски јазик.

На JW.ORG има изобилство информации кои се преведени на преку 300 јазици. Оваа интернет-страница е составена од преку 200.000 поединечни страници.

Освен што е достапна за луѓето од целиот свет, JW.ORG е и многу позната страница. Ова го потврдува ранг-листата на компанијата Алекса, која прави анализи на светскиот Интернет сообраќај. Во категоријата „Религија и духовност“ има список со 87.000 интернет-страници, вклучувајќи ги и страниците на најголемите светски религии, издавачи на религиозен материјал и други слични организации. Од јули 2013 год., jw.org го зазема второто место на оваа листа. На првото место е една комерцијална страница која нуди онлајн пристап до различни библиски преводи.

Од октомври 2013 год., страницата jw.org секој ден во просек се отвора повеќе од 890.000 пати. И понатаму ќе продолжиме бесплатно да им даваме на луѓето од целиот свет информации од Библијата кои можат практично да им помогнат.