Префрли се на текстот

Колку Јеховини сведоци има низ целиот свет?

Колку Јеховини сведоци има низ целиот свет?

Извештај за 2022

Број на Јеховини сведоци низ целиот свет:

8.699.048

Собранија:

117.960

Земји во кои проповедаат Јеховините сведоци:

239

2022 Вкупно

2022 Детален извештај

Како го одредувате бројот на Јеховините сведоци?

 Во овој број се вклучени само оние што секој месец ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14). Во нив спаѓаат оние што се крстени како Сведоци, но и оние кои сѐ уште не се крстени, но ги исполнуваат условите за да учествуваат во ова дело.

Дали некој треба да донира пари за да се смета за Јеховин сведок?

 Не. Паричните прилози не влијаат врз тоа дали некој ќе биде вброен како Јеховин сведок или, пак, дали ќе добие одредена задача или одговорност во нашата организација (Дела 8:18-20). Всушност, најголемиот дел од прилозите се анонимни. Освен тоа, секој Јеховин сведок, во склад со својата желба и можности, спремно го троши своето време, сила и средства за нашето меѓународно дело (2. Коринќаните 9:7).

Од каде знаете колкумина активно проповедаат?

 Секој месец, во своите собранија Јеховините сведоци даваат извештај за уделот што го имале во проповедничкото дело. Ваквиот извештај се дава доброволно.

 Податоците од собраниските извештаи се внесуваат во табели, и вкупните бројки се испраќаат во локалната подружница. Секоја подружница ги испраќа вкупните бројки од својата земја или регион до нашето главно седиште.

 На крајот од секоја службена година, се одредува највисокиот број на Сведоци за секоја земја. Овие бројки се собираат за да се добие вкупниот број на Јеховини сведоци низ целиот свет. Детални извештаи за секоја земја, како и искуства од проповедничкото дело, се објавуваат на интернет-страницата jw.org во делот „Ширум светот“. Тие многу ни ја зајакнуваат верата. И во првиот век христијаните биле охрабрени кога слушале слични извештаи (Дела 2:41; 4:4; 15:3).

Дали во извештајот ги вклучувате оние кои се во контакт со вашата организација, но не проповедаат?

 Иако не ги вклучуваме таквите лица во вкупниот број на Јеховините сведоци, тие се срдечно добредојдени во нашите собранија. Повеќето од нив доаѓаат на годишното одбележување на Христовата смрт. Нивниот број може отприлика да се одреди ако од бројот на присутни на Спомен-свеченоста се одземе бројот на Јеховини сведоци. Во 2022 год., на овој состанок беа присутни 19.721.672 лица.

 Ние бесплатно ја проучуваме Библијата со многу од оние што не присуствуваат на нашите состаноци. Во текот на 2022 год., секој месец во просек водевме 5.666.996 библиски курсеви. На некои од тие курсеви присуствуваат и повеќе лица.

Зошто во пописот на некои земји се известува поголем број на Јеховини сведоци од бројот што го известувате вие?

 Државните заводи за статистика честопати доаѓаат до своите бројки така што ги прашуваат луѓето на која религија ѝ припаѓаат. На пример, според Заводот за статистика во САД, нивните истражувања „имаат за цел да утврдат дали испитаниците се сметаат себеси за приврзаници на некоја верска заедница“. Овој извор понатаму додава дека крајните податоци „се темелат на лично мислење, а не на факти“. За разлика од тоа, ние ги броиме како Јеховини сведоци само оние што им проповедаат на другите и даваат извештај за својата активност, а не оние што само се изјаснуваат како Сведоци.