Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Информации за канцелариите и обиколките

Срдечно те покануваме да ги разгледаш нашите канцеларии и печатници. Побарај ги адресите и термините за обиколки.

 

Соединети Американски Држави

Резервација на обиколка

Дали треба да се направи резервација пред да се дојде на обиколка? Да. За да не се надмине капацитетот на објектите и за да може посетителите да извлечат максимална корист од обиколката, важно е сите посетители на Патерсон, Волкил и Ворвик однапред да резервираат обиколка, без оглед на тоа за колкава група станува збор. Преку линковите подолу можеш да направиш резервација за секоја локација што сакаш да ја посетиш.

Ако не си резервирал термин, дали сепак ќе можеш да дојдеш на обиколка? Ако не си резервирал термин, можеби нема да биде можно да добиеш обиколка. Поради начинот на кој се осмислени музеите во Ворвик, само ограничен број посетители можат да дојдат на обиколка во текот на денот.

Кога треба да пристигнеш за обиколката? Препорачливо е да пристигнеш не порано од еден час пред терминот за твојата обиколка. Така ќе се избегне преголема гужва на паркинзите и на фоајеата.

Колку локации можеш да разгледаш во текот на еден ден? Најдобро би било да се посетат до две локации во текот на еден ден.

Групи помали од 20 луѓе

Групи од 20 или повеќе луѓе

Испрати онлајн барање за групна посета на нашите објекти во Патерсон, Волкил или Ворвик.

Откажување обиколка

Можеш да откажеш обиколка преку онлајн формуларот.

Warwick

1 Kings Dr.

TUXEDO PARK NY 10987

UNITED STATES

+1 845-524-3000

Обиколки

Со обиколки на нашите објекти во Ворвик ќе се започне во понеделник на 3 април 2017 год. Те молиме направи онлајн резервација пред да утврдиш какви било планови за патување.

понеделник до петок

8:00 до 16:00 часот

(Разгледување на изложби без водич)

8:00 до 11:00 часот и 13:00 до 16:00 часот

времетраење: 20 минути

(Обиколка со водич)

Краток опис

Разгледување на изложби без водич

  1. Библијата и Божјето име. Во оваа изложба се прикажани ретки примероци на Библијата и е истакнато како Божјето име било зачувано во Светото писмо и покрај сите обиди да биде отстрането. Изложбата вклучува и галерија која содржи други ретки примероци на Библијата и историски предмети поврзани со неа.

  2. Народ за Јеховиното име. Оваа изложба содржи сликовит приказ на историјата на Јеховините сведоци. Историските предмети, сликите и искуствата на некои поединци покажуваат на кој начин Јехова го водел, поучувал и организирал својот народ за да ја врши неговата волја.

  3. Нашето главно седиште — вера на дело. Оваа интерактивна изложба објаснува какви задачи извршуваат Одборите на Водечкото тело и како тие им помагаат на Јеховините сведоци да ги следат библиските упатства да се состануваат, да ги поучуваат луѓето за Библијата, да се хранат духовно и да си покажуваат љубов еден кон друг.

Обиколка со водич

Во оваа обиколка се дава преглед на одделенијата и канцелариите, како и на имотот во Ворвик.

Преземи проспект за обиколка

Patterson

100 Watchtower Dr. (2891 Route 22)

PATTERSON NY 12563

UNITED STATES

+1 845-306-1000

Обиколки

Те молиме направи онлајн резервација за обиколка пред да утврдиш какви било планови за патување.

понеделник до петок

8:00 до 11:00 часот и 13:00 до 16:00 часот

времетраење: 2 часа

Краток опис

Овде се изработуваат слики за нашите публикации, како и аудио и видеоснимки. За време на обиколката се дава објаснување за библиските школи што се одржуваат овде.

Wallkill

900 Red Mills Rd.

WALLKILL NY 12589

UNITED STATES

+1 845-744-6000

Обиколки

Те молиме направи онлајн резервација пред да утврдиш какви било планови за патување.

понеделник до петок

8:00 до 11:00 часот и 13:00 до 16:00 часот

времетраење: 2 часа

Краток опис

Овде секоја година се печатат повеќе од 25 милиони примероци на библиска литература. Се доставува литература до подружници од целиот свет на повеќе од 360 јазици, како и до повеќе од 15.000 собранија на Јеховините сведоци во САД, Канада и на Карибите.

Преземи проспект за обиколка