Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  септември 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Зошто го цениш вистинското обожавање?

Зошто го цениш вистинското обожавање?

Еврејските изгнаници биле охрабрени од видението на Езекиел за храмот бидејќи тоа им влевало надеж дека вистинското обожавање ќе биде обновено. Во овие последни денови, вистинското обожавање „стои цврсто над планинските врвови“, а ние сме меѓу оние кои се слеваат кон него (Иса 2:2). Дали често размислуваш за тоа колкава чест е да го познаваш Јехова и да му служиш?

БЛАГОСЛОВИ ОД ВИСТИНСКОТО ОБОЖАВАЊЕ:

  • Обилна духовна храна преку која добиваме: 1) одговор на најважните животни прашања, 2) корисни начела кои нѐ водат во животот и 3) вистинска надеж (Иса 48:17, 18; 65:13; Ри 15:4)

  • Меѓународно братство во кое владее љубов (Пс 133:1; Јвн 13:35)

  • Чест да бидеме соработници на Бог во дело кое ни носи радост (Де 20:35; 1Ко 3:9)

  • Мир од Бог што ни дава сила кога сме во неволја (Фп 4:6, 7)

  • Чиста совест (2Ти 1:3)

  • Пријателство со Јехова (Пс 25:14)

На кои начини можам да покажам дека го ценам вистинското обожавање?