Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  октомври 2017

 ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДАНИЕЛ 10-12

Јехова дал пророштва за некои цареви

Јехова дал пророштва за некои цареви

11:2

Четири цареви ќе се кренат од Персија. Четвртиот „ќе подигне сѐ против грчкото царство“.

  1. Кир Велики

  2. Камбис II

  3. Дариј I

  4. Ксеркс I (се смета дека тоа бил цар Ахасвер кој се оженил со Естира)

11:3

Од Грција ќе се подигне моќен цар кој ќе завладее над огромна територија.

  • Александар Македонски (Велики)

11:4

Грчкото Царство ќе биде поделено меѓу четворица генерали на Александар.

  1. Касандар

  2. Лисимах

  3. Селеук I

  4. Птолемеј I