Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  октомври 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Слави го Јехова со својот живот!

Слави го Јехова со својот живот!

Животот е прекрасен дар. Од начинот на кој го користиме, се гледа колку го цениме. Како Јеховини сведоци, се трудиме да ги користиме нашите таленти и способности за да му носиме слава на Јехова — оној што ни го дал животот (Пс 36:9; От 4:11). Но, поради грижите што ги носи животот во овој злобен свет, лесно може да ги занемариме духовните активности (Мр 4:18, 19). Добро е секој од нас да се праша: „Дали навистина му го давам најдоброто на Јехова? (Ос 14:2). Дали мојата работа или кариера влијае негативно врз мојата служба за Јехова? Кои се моите духовни цели? Што можам да направам за да му служам на Јехова во поголема мера?“ Ако забележиш дека има простор за подобрување, моли го Јехова да ти помогне да ги направиш потребните промени. Без сомнение, ако го славиме Јехова секој ден, нашиот живот ќе биде исполнет и среќен! (Пс 61:8).

За што ги користиш своите таленти?

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КОРИСТИ ГИ СВОИТЕ ТАЛЕНТИ ЗА ЈЕХОВА, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Зошто не е мудро да ги користиш своите таленти и способности за да станеш некој и нешто во светот на Сатана? (1Јо 2:17).

  • Какви благослови имаат оние што му го даваат своето најдобро на Јехова?

  • Во кои гранки од службата би можел да ги користиш своите таленти и способности?