Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  октомври 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да стекнеш навика длабоко да ја проучуваш Библијата

Како да стекнеш навика длабоко да ја проучуваш Библијата

Дали сакаш да му останеш верен на Јехова во време на неволја, исто како Даниел? Даниел темелно ја проучувал Божјата Реч, вклучувајќи ги и пророштвата со длабоко значење (Да 9:2). И ти ќе можеш да останеш верен ако длабоко ја проучуваш Библијата. Зошто може да се каже тоа? Проучувањето ќе ти ја зајакне увереноста дека Јеховините ветувања ќе се исполнат (ИсН 23:14). Освен тоа, ќе ја зголеми твојата љубов кон Бог, која ќе ти даде сила да постапуваш исправно (Пс 97:10). Но, како да стекнеш навика длабоко да проучуваш? Да видиме неколку предлози.

  • Што да проучувам? Во добри навики на проучување спаѓа и подготовката за состаноците. Ќе извлечеш поголема корист од седмичното читање на Библијата ако одвоиш време да ги истражиш стиховите што не ти се јасни. Освен тоа, некои објавители истражуваат нешто повеќе за пророштвата, за некои плодови на духот, за мисионерските патувања на апостол Павле или, пак, за творештвото на Јехова. Ако во текот на денот ти се појави некое библиско прашање, запиши си го, и нека ти биде тема за следното проучување.

  • Каде да најдам материјал? За да добиеш идеи, гледај го видеоклипот Научи да бараш духовни богатства. Како вежба, истражи кои светски сили се прикажани со ѕверовите од Даниел, поглавје 7.

  • Колку време треба да одвојам за проучување? За да бидеш во добра духовна состојба, треба редовно да проучуваш. Во почетокот, проучувањето би можело да трае пократко, а потоа можеш постепено да го зголемуваш времетраењето. Кога ја проучуваш Библијата, тоа е како да бараш скриено богатство; колку повеќе скапоцености наоѓаш толку поголема желба имаш да продолжиш со потрагата (Из 2:3-6). Така ќе ти се зголеми желбата редовно да ја проучуваш Божјата Реч, и тоа ќе ти стане навика (1Пе 2:2).

ШТО ПРЕТСТАВУВААТ ЅВЕРОВИТЕ ОД СЕДМОТО ПОГЛАВЈЕ ОД ДАНИЕЛ?

ДОПОЛНИТЕЛНО ПРАШАЊЕ:

Како се исполниле зборовите од Даниел 7:8, 24?

СЛЕДЕН ПРОЕКТ:

Што претставуваат ѕверовите од Откровение, поглавје 13?